Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична & електронска опрема) (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторно користење на материјалите.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.

Правилно отстранување на батериите од овој производ(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од директивата EC 2006/66. Доколку батериите не се депонираат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето.

За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.

За повеќе информации во врска со регулаторните обврски специфични за некои производи и еколошките цели на Samsung, на пр., REACH, WEEE, батерии, посетете ја веб-страницата http://www.samsung.com/uk/ aboutsamsung/samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner.html

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.

Македонски

Македонски - 23