Проблеми со апликации за видео (Youtube итн.)
•• Променете го DNS серверот во 8.8.8.8. Изберете | > Поставување > Општо > Мрежа > Статус на | |
мрежата > IP поставки > | ||
•• Извршете ресетирање со избирање на | > Поставување > Поддршка > Самодијагноза > Ресетирај ја | |
функцијата Smart Hub. |
|
|
Што претставува Remote Support?
Услугата Remote Support од Samsung ви нуди поддршка
•• Дијагностика на вашиот телевизор
•• Прилагодување на поставувањата на телевизорот наместо вас
•• Ресетирање на вашиот телевизор на фабрички вредности
•• Инсталирање на препорачани ажурирања на фирмверот
Како функционира Remote Support?
Дозволете му на некој сервисер од Samsung да го поправи вашиот телевизор далечински:
1.Јавете се во контактниот центар на Samsung и побарајте далечинска поддршка.
2.Отворете го менито на вашиот телевизор и одете во делот за Поддршка.
3.Изберете Далечинско управување, а потоа прочитајте ги и согласете се со договорите на услугата. Кога ќе се појави екранот за PIN, кажете му го PIN бројот на агентот.
4.Потоа агентот ќе пристапи на вашиот телевизор.
Еко сензор и осветленост на екранот
Функцијата Еко сензор автоматски ја прилагодува осветленоста на телевизорот. Оваа функција ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката на енергија. Ако сакате да ја исклучите оваа опција, одете во > Поставување > Општо > Еко решение > Откривање амбиентална светлина.
•• Ако екранот е премногу темен додека гледате телевизија во темно опкружување, за тоа може да биде одговорна функцијата Откривање амбиентална светлина.
•• Не го блокирајте сензорот со какви било предмети. Ова може да предизвика намалување на осветленоста на сликата.
Македонски
Македонски - 17