За повеќе информации за начинот на користење на e-Manual (стр.12)

Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на произвоот. Дизајнот и спецификациите на производот можат да се променат без претходно известување.

Важни информации за гаранцијата во врска со телевизискиот формат на гледање

1.Функциите поврзани со дигиталната телевизија (DVB) се достапни само во држави/области во кои се емитуваат дигитални антенски сигнали DVB-T (MPEG2 и MPEG4 AVC) или во места од кои можете да пристапите до компатибилна услуга за кабелска телевизија DVB-C (MPEG2 и MPEG4 AAC). Прашајте го локалниот продавач за можноста за примање на DVB-T или DVB-C сигнал.

2.DVB-T претставува DVB стандард во Европскиот конзорциум за емитување на дигитална антенска телевизија, а DVB-C претставува стандард за емитување на дигитална кабелска телевизија. Меѓутоа, некои поразлични функции како EPG (електронски програмски водич), VOD (видео по потреба) и така натаму, не се вклучени во овие спецификации. Тоа значи дека тие нема да функционираат во моментот.

3.Иако овој телевизор ги задоволува најновите стандарди за DVB-T и DVB-C, почнувајќи од [август, 2008 година], не можеме да гарантираме компатибилност со идните емитувања на DVB-T дигитален антенски и DVB-C дигитален кабелски сигнал.

4.Во зависност од државата/областа во која се користи овој телевизор, некои даватели на кабелска телевизија може дополнително да ви наплатат за таквата услуга, а може да биде потребно и да се согласите со условите и одредбите на нивното деловно работење.

5.Некои функции за дигиталната телевизија може да бидат недостапни во некои држави и региони, а DVB-C може да не работи правилно со некои даватели на кабелски услуги.

6.За повеќе информации, обратете се во вашиот локален центар за грижа на корисници од Samsung.

Квалитетот на приемот на телевизорот може да се намали поради разлики во начините за емитување во различни држави. Проверете ги перформансите на телевизорот кај овластениот локален продавач на SAMSUNG или центарот за поддршка на Samsung, за да дознаете дали може да ги подобрите со повторно конфигурирање на поставувањата на телевизорот.

Предупредување за неподвижна слика

Избегнувајте прикажување на неподвижни слики на екранот (како фајлови со слики во jpeg формат) или елементи од неподвижни слики (како лого ознаки од телевизиски програми, панорамски слики или слики во 4:3 формат, лента за известувања за берзата или новости на дното од екранот итн.). Постојаното прикажување на фотографии може да предизвика двојни слики на LED екранот, кои ќе го намалат квалитетот на сликата. За намалување на ризикот од ваквиот ефект, следете ги препораките кои се наведени подолу:

Избегнувајте прикажување на истиот телевизиски канал во долги временски периоди.

Обидете се секоја слика да ја прикажете на цел екран, а за најдобро усогласување користете го менито за поставување формат на слика на телевизорот.

Намалете ги вредностите за осветленост и контраст на потребното минимално ниво за да го добиете саканиот квалитет на сликата, бидејќи премногу големите вредности може да го забрзаат процесот на горење на екранот.

Употребувајте ги често функциите на телевизорот кои се дизајнирани да го намалат задржувањето на сликите и горењето на екранот, а за повеќе детали погледнете го соодветниот дел од прирачникот за користење.

Обезбедување на просторот за инсталација

Одржувајте го потребното растојание помеѓу телевизорот и останатите предмети (на пр. ѕидови) за да овозможите соодветна инсталација.

Доколку не се придржувате до ова, може да предизвикате пожар или проблем кај производот поради зголемување на внатрешната температура на производот. Доколку користите држач или ѕиден носач, користете делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics.

Ако користите делови обезбедени од други производители, може да предизвикате проблем кај производот или повреда поради неисправност на уредот.

Изгледот може да се разликува во зависност од производот.

Внимавајте кога го допирате телевизорот, бидејќи некои делови може да бидат многу загреани.

Инсталација со држач.

10 cm

10 cm

 

10 cm

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инсталација со ѕиден носач.

 

10 cm

10 cm

10 cm

 

10 cm

Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична и електронска опрема)

(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на отпадоци) Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема

(на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторното користење на материјалите.

Корисниците од домаќинствата би требало да се обратат до местото на купување или до локалната владина канцеларија за детали околу тоа каде и како ќе можат да ги однесат овие предмети на безбедно рециклирање. Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.

Правилно отстранување на батериите од овој производ

(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на батерии) Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето. За заштита на природните ресурси

ипромовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.

Македонски - 2

Page 98
Image 98
Samsung UE19D4010NWXXH Предупредување за неподвижна слика, Обезбедување на просторот за инсталација, Инсталација со држач