Прикачување на телевизорот со држачот

Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги понудените инструкции за составување.

Монтирање на телевизорот на ѕид користејќи го комплетот со ѕиден носач (изборно)

Ако го монтирате производот на ѕид, тоа треба да го сторите на начин кој го препорачува производителот. Доколку не го монтирате правилно, производот може да излезе од лежиштето

ида падне, да предизвика сериозни повреди на деца или возрасни и сериозни оштетувања на производот.

Монтирање на комплетот со ѕиден носач

Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ќе ви овозможат да го монтирате телевизорот на ѕид.

За детални информации во врска со инсталирањето на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои се испорачуваат со ѕидниот носач. Ви препорачуваме да се обратите до техничко лице за помош при инсталирањето на ѕидниот носач. Не Ви препорачуваме да го направите сами. Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку се одлучите сами да го монтирате ѕидниот носач.

Носач за монтирање на ѕид

телевизор

C

Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)

Комплетот со ѕиден носач не се испорачува, туку се продава одделно. Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Кога го прицврстувате ѕидниот носач за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се до најблискиот дистрибутер. Доколку производот се инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, може да предизвика сериозни повреди.

-- Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата подолу.

-- При купувањето на нашиот ѕиден носач, обезбедено е детално упатство за инсталирање и сите останати делови потребни при монтажата.

-- Не употребувајте завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки.

-- Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.

-- За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките, должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на ѕидниот носач.

-- Не ги прицврстувајте завртките премногу; бидејќи производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.

Македонски - 4

[UH5203-40_48-XH]BN68-06725D-03L16.indb 4

2014-11-17 오후 12:58:45

Page 202
Image 202
Samsung UE48H5203AWXXN, UE40H5203AWXZG manual Прикачување на телевизорот со држачот, Монтирање на комплетот со ѕиден носач