Поврзување на мрежа

Со поврзување на телевизорот во мрежа добивате пристап до услуги на интернет како што е Smart Hub, како и софтверски ажурирања.

Мрежна врска - безжична

Серија LED 6

Поврзете го телевизорот на интернет преку стандарден рутер или модем.Безжичен IP рутер или модем соDHCP серверПриклучок за LAN на ѕидотLAN кабел (не се испорачува)

Серија LED 5

Поврзете го телевизорот на интернет преку стандарден рутер или модем. За безжично поврзување, прво мора да го приклучите “адаптерот за безжичен LAN од Samsung” (WIS12ABGNX - се продава одделно) во USB приклучокот на вашиот телевизор. Погледнете ја сликата подолу.

Безжичен IP разделник (рутер со DHCP сервер)

Приклучок за LAN на ѕидот

Адаптер за безжичен LAN од Samsung (не се испорачува)

LAN кабел (не се испорачува)

Безбедносни мерки за безжични мрежи

-- Адаптерот за безжичен LAN од Samsung ги поддржува протоколите за комуникација IEEE 802.11a/b/g и n. Samsung препорачува користење на IEEE 802.11n. Кога репродуцирате видео запис преку врска со IEEE 802.11b/g, можно е видео записот да не се репродуцира рамномерно.

-- За да користите безжична мрежа, телевизорот мора да биде поврзан со безжичен рутер или модем. Ако безжичниот рутер поддржува DHCP, телевизорот може да користи DHCP или статична IP адреса за да се поврзе на безжичната мрежа.

-- Изберете канал што не се користи во моментот за безжичниот рутер. Доколку избраниот канал за безжичниот рутер во моментот го користи друг уред, тоа најчесто резултира со пречки и/или неуспешна комуникација.

Македонски - 8