Прикачување на телевизорот со држачот

Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги понудените инструкции за составување.

Монтирање на телевизорот на ѕид

[[ Кога го монтирате телевизорот на ѕид, треба да ги следите инструкциите кои ги препорачува производителот. Доколку не се придржувате кон нив, телевизорот може да се лизне и падне, што може да предизвика сериозни физички повреди и оштетување на производот.

Монтирање на комплетот со ѕиден носач (изборно)

Искористете го комплетот со ѕиден носач (не се испорачува) за да го монтирате телевизорот на ѕид.

При монтирање на ѕидниот носач, користете го стиропорот што се испорачува во пакувањето на телевизорот за да го заштитите. Ставете го телевизорот хоризонтално и навртете ги завртките.

За монтирање на звучникот во вид на лента и телевизорот со помош на ѕидниот носач, прво треба да го монтирате звучникот во вид на лента на телевизорот, а потоа да го монтирате телевизорот. За детални информации, погледнете ги инструкциите испорачани со звучникот во вид на лента.

-- Поставувањето на звучникот во вид на лента со помош на ѕидниот носач може да не биде поддржано во одредени региони или за одредени модели.

За детални информации за начинот на инсталирање на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои се испорачуваат со ѕидниот носач или побарајте сервисер за да ви помогне во поставувањето на носачот за монтирање на ѕид. Ако се одлучите да го монтирате комплетот со ѕиден носач, Samsung Electronics нема да преземе одговорност за какви било физички повреди или оштетувања на производот.

Носач за монтирање на ѕид

телевизор

Адаптер за монтирање на ѕид

C

Пред да инсталирате каков било друг ѕиден носач, склопете го адаптерот за ѕидни носачи кој се испорачува посебно со телевизорот.

-- Прочитајте го документот "Рачно инсталирање" кој се испорачува со нашиот ѕиден носач.

Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)

Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Кога го прицврстувате ѕидниот носач за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се кај вашиот локален продавач. Доколку производот се инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни физички повреди или оштетувања на производот.

-- Не употребувајте завртки кои ги надминуваат препорачаните стандардни димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификации. Тие може да предизвикаат оштетувања во внатрешноста на вашиот телевизор.

-- Завртките на ѕидниот носач зависат од VESA стандардите за спецификации на завртки и може да бидат различни од завртките што најчесто се користат.

-- Не ги затегнувајте завртките со преголема сила. Можно е да се повредите или да го оштетите производот. Компанијата Samsung не презема одговорност за какви било повреди или оштетувања предизвикани поради невнимателни движења или неправилно ракување.

-- Компанијата Samsung не презема одговорност за оштетувањата на производот или личните повреди предизвикани од неправилно монтирање на комплетот со ѕиден носач кој не ги исполнува стандардите VESA или спецификациите за монтирање.

-- Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени. Македонски - 4

Page 136
Image 136
Samsung UE48H6800AWXXC, UE48H6800AWXXH manual Прикачување на телевизорот со држачот, Монтирање на телевизорот на ѕид