Препорака - само ЕУ

Со ова, Samsung Electronics, изјавува дека овој телевизор е во согласност со неопходните услови и останатите поважни потточки на Директивата 1999/5/EC.

Официјалната декларација за еднаквост може да се најде на интернет страницата http://www.samsung.com, одете во Поддршка > Пребарување на поддршка за производ и внесете го името на моделот.

Оваа опрема може да се користи само во затворени простории. Оваа опрема може да се употребува во сите држави на ЕУ.

Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема) (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор

(на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

Правилно отстранување на батериите од овој производ

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето.

За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.

За повеќе информации во врска со регулаторните обврски специфични за некои производи и еколошките цели на Samsung, на пр., REACH, WEEE, батерии, посетете ја веб-страницата http://www.samsung.com/uk/aboutsamsung/ samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner.html

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.

Македонски

Македонски - 15

Page 169
Image 169
Samsung UE40KU6092UXXH, UE50KU6000WXXH, UE43KU6000WXXH, UE43KU6072UXXH, UE70KU6000WXXH, UE65KU6000WXXH manual Препорака само ЕУ