Користење на функцијата e-Manual

MENU > Поддршка > e-Manual

Вградениот e-Manualсодржи податоци во врска со најважните функции на телевизорот.

-Или, пак, можете да преземете копија од e-Manualод веб-страницата на Samsung за да ја прочитате на вашиот компјутер или да ја испечатите.

-За повеќе информации во врска со дополнителните функции, погледнете во e-Manual.

За да ја прикажете функцијата e-Manual, применете некој од следните начини:

-На Samsung Smart Control, притиснете го копчето KEYPAD, а потоа изберете e-Manualна далечинскиот управувач на екранот.

-На далечинскиот управувач, притиснете го копчето E-MANUAL.

-Во менито на телевизорот, изберете Поддршка > e-Manual.

Вчитување на страници со помош на клучни зборови

Изберете Барај за да го отворите екранот за пребарување. Внесете збор за пребарување, а потоа изберете Готов. Изберете некој елемент од листата со резултати за да ја вчитате соодветната страница.

Вчитување на страници од индексната страница

Изберете Индекс за да го отворите индексниот екран. Изберете клучен збор од листата за да отидете до потребната страница.

Користење на функцијата Историја за вчитување на страници што сте ги читале претходно

Изберете Отворена страница. Ќе се прикаже листа со страници што сте ги читале претходно. Изберете страница. e-Manualќе премине на избраната страница.

Пристапување во менито преку e-Manual

Изберете (Проб. сега) од десната страна на страницата на која е објаснета функцијата за да пристапите до соодветниот елемент во менито и веднаш да ја активирате функцијата. Ако сакате да прочитате информации од e-Manualза одредена функција од менито на екранот:

-На Samsung Smart Control, притиснете го копчето KEYPAD, а потоа изберете e-Manualна далечинскиот управувач на екранот, за да ја вчитате соодветната страница од e-Manual.

-На далечинскиот управувач, притиснете го копчето E-MANUALза да ја вчитате соодветната страница од e-Manual.

-Функцијата e-Manualне може да се отвори преку одредени менија на екранот.

Вчитување на референтни страници

Изберете (Поврзи) од десната страна на страницата на која е објаснета функцијата за да пристапите до соодветната референтна страница.

Ажурирање на e-Manual со најновата верзија

Функцијата e-Manualможе да се ажурира на ист начин како и апликациите на екранот на SAMSUNG APPS.

Македонски - 10

Page 142
Image 142
Samsung UE40H6410SSXXC, UE55H6410SSXXH manual Користење на функцијата e-Manual, Ажурирање на e-Manual со најновата верзија