Прикачување на телевизорот со држачот

Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги понудените инструкции за составување.

Монтирање на телевизорот на ѕид користејќи го комплетот со ѕиден носач (изборно)

Ако го монтирате производот на ѕид, тоа треба да го сторите на начин кој го препорачува производителот. Доколку не го монтирате правилно, производот може да излезе од лежиштето и да падне, да предизвика сериозни повреди на деца или возрасни и сериозни оштетувања на производот.

Монтирање на комплетот со ѕиден носач

Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ќе ви овозможат да го монтирате телевизорот на ѕид.

При монтирање на ѕидниот носач, користете го стиропорот што се испорачува во пакувањето на телевизорот за да го заштитите. Ставете го телевизорот хоризонтално и навртете ги завртките.

За монтирање на звучникот во вид на лента и телевизорот со помош на ѕидниот носач, прво треба да го монтирате звучникот во вид на лента на телевизорот, а потоа да го монтирате телевизорот. За детални информации, погледнете ги инструкциите испорачани со звучникот во вид на лента.

-- Поставувањето на звучникот во вид на лента со помош на ѕидниот носач може да не биде поддржано во одредени региони или за одредени модели.

За детални информации во врска со инсталирањето на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои се испорачуваат со ѕидниот носач. Ви препорачуваме да се обратите до техничко лице за помош при инсталирањето на ѕидниот носач. Не Ви препорачуваме да го направите сами. Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку се одлучите сами да го монтирате ѕидниот носач.

Носач за

TV

 

монтирање

Адаптер за

на ѕид

 

монтирање

 

на ѕид

C

Пред да инсталирате каков било друг ѕиден носач, склопете го адаптерот за ѕидни носачи кој се испорачува посебно со телевизорот.

Прочитајте го документот "Рачно инсталирање" кој се испорачува со нашиот ѕиден носач.

Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)

Комплетот со ѕиден носач не се испорачува, туку се продава одделно. Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој

епоставен нормално на подот. Кога го прицврстувате ѕидниот носач за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се до најблискиот дистрибутер. Доколку производот се инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, може да предизвика сериозни повреди.

-- Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата подолу.

-- При купувањето на нашиот ѕиден носач, обезбедено е детално упатство за инсталирање и сите останати делови потребни при монтажата.

-- Не употребувајте завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки.

-- Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.

Македонски - 4

Page 268
Image 268
Samsung UE55HU7200SXXC, UE55HU7200SXZG manual Прикачување на телевизорот со држачот, Монтирање на комплетот со ѕиден носач