04Извршување на почетното поставување

Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување. Почетното поставување ви овозможува да ги конфигурирате основните поставки според кои ќе функционира телевизорот, како што се прием на емитувања, пребарување канали и мрежна врска.

•• Пред да започнете со почетното поставување, прво треба да поврзете надворешни уреди.

•• За да ги користите паметните функции на телевизорот, телевизорот мора да биде поврзан на интернет.

•• Кога телевизорот комуницира со мобилните уреди, на телевизорот може привремено да се појави шум.

•• Апликацијата SmartThings е достапна за мобилни уреди со Android 6.0 или понова верзија, како и за уреди со iOS 10 или понова верзија.

•• За да извршите иницијализација преку апликацијата SmartThings, мобилниот уред мора да биде поврзан на Wi-Fi мрежа.

•• Ако прозорецот за поставување не се појави автоматски во апликацијата SmartThings на мобилниот уред, тогаш постапката ќе ја продолжите откако рачно ќе го додадете телевизорот во функцијата Додај уред на контролната табла на апликацијата SmartThings.

Почетното поставување може да го активирате и преку менито на телевизорот ( > Поставување > Општо > Започнете со поставувањето).

Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот за почетно поставување и конфигурирајте ги основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.

Користење на ТВ-контролор

Вклучете го телевизорот со помош на копчето ТВ-контролорна долната страна на телевизорот, а потоа користете ја функцијата за контролно мени. Функцијата Мени за контрола се појавува кога ќе го притиснете контролното копче на телевизорот кога телевизорот е вклучен. За повеќе информации во врска со користењето, погледнете ја сликата подолу.

•• Екранот може да се затемни доколку не ја отстраните заштитната фолија на логото SAMSUNG или на долната страна на телевизорот. Ве молиме отстранете ја заштитната фолија.

Мени за контрола

: Исклучи : Гл. горе

: Кан. горе : Глас. долу

: Канал долу

: Извор

ТВ-контролор / Сензор за далечинскиот управувач

Притиснете: Премести Притиснете и задржете: Избери

ТВ-контролорсе наоѓа на долната страна на телевизорот.

Македонски - 12

Page 232
Image 232
Samsung UE65NU7472UXXH manual 04 Извршување на почетното поставување, Користење на ТВ-контролор