одготовкаП

Важни безбедносни инструкции

При употреба на електричен апарат, придржувајте се кон основните мерки за претпазливост, во кои спаѓаат:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Оваа правосмукалка е дизајнирана само за употреба во домаќинствата. Немојте да ја користите оваа правосмукалка за чистење градежни отпадоци

иостатоци и тонер за ласерски печатачи. Чистете ги филтрите редовно за да спречите насобирање на ситна прав во нив. Препорачливо е да вшмукувате само мали количества на освежувачи или средства за хемиско чистење на килими, остатоци во прав и ситна прав, како брашно. Кантичката за прав и филтрите мора да се чистат по секое вшмукување. Немојте да ја користите оваа правосмукалка кога се отстранети филтрите или кантичката за прав. Не употребувајте користени, деформирани или оштетени филтри. Поставувајте ги филтрите во правилна положба секогаш, како што е прикажано во ова упатство. Доколку не се придржувате до овие правила, можно е да предизвикате оштетување на внатрешните делови и да ја поништите гаранцијата. Микро филтерот не треба никогаш да се превиткува. Тоа може да предизвика деформација или оштетување на филтерот.

Ако филтерот се деформира или оштети, ве молиме заменете го филтерот. (тоа може да предизвика навлегување на прав и честички во моторот)

Ве молиме ставете го филтерот правилно, без да остане простор помеѓу филтерот и капакот на филтерот (тоа може да предизвика навлегување на прав и честички во моторот)

Општо

Внимателно прочитајте го целото упатство. Пред вклучувањето, проверете дали напонот на вашата електрична мрежа е ист како напонот назначен на плочката од долната страна на правосмукалката.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да ја користите правосмукалката кога тепихот или подот се мокри.

4Македонски