прав. За да избегнете оштетувања, извадете го приклучникот држејќи го него, а не со влечење на кабелот.

8.Овој уред можат да го користат деца на возраст од 8 или повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или, пак, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се даваат инструкции во врска со користење на уредот на безбеден начин и доколку ги разберат опасностите кои можат да произлезат.

9.Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не смеат да го вршат деца без надзор.

10.Приклучникот мора да биде изваден од штекерот пред чистењето или одржувањето на апаратот.

11.Не се препорачува користење на продолжен кабел.

12.Ако правосмукалката не работи правилно, исклучете го напојувањето и посоветувајте се со овластен сервисер.

13.Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани ситуации.

14.Немојте да ја носите правосмукалката држејќи го цревото. Користете ја рачката на куќиштето.

15.Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката. Исклучете ја пред да го извадите кабелот.

16.Бидете внимателни кога чистите скали. Немојте да ја користите правосмукалката кога ќе се преврти.

17.Не ја накосувајте кантичката за прав, ако во пределот за прав има вода.

18.Не ја прскајте со вода.

Не го чистете делот со прекинувач.

19.Строго придржувајте се до упатствата во однос на сервисирање на филтерите и собирачот на прав. Игнорирањето на упатствата може да резултира со оштетување на правосмукалката и намалување на нејзиниот работен век.

04_ безбедносни информации