Smart Check

Оваа функција ви овозможува да го проверите статусот на машината за перење преку паметен телефон.

Функцијата Smart Check е оптимизирана за:

Сериите Galaxy и iPhone (нема поддршка за некои модели)

Преземање на апликацијата Samsung Smart Washer

Преземете ја апликацијата Samsung Smart Washer на вашиот мобилен телефон од Android market или Apple App store и инсталирајте ја. Ќе можете лесно да ја пронајдете со пребарување на "Samsung Smart Washer".

Користење на функцијата Smart Check

1.Ако настане грешка, притиснете ги копчињата Spin (центрифуга) и Option

(опција) истовремено и задржете 3 секунди за да ја активирате функцијата Smart Check. Или, пак, функцијата Smart Check може да се активира без да притиснете ниту едно копче по вклучување на машината за перење.

2. Површините со LED диоди на плочата со екран ќе ротираат 2 или 3 секунди, а кодот од функцијата Smart Check ќе се прикаже на плочата со екран на машината за шерење.

3.Активирајте ја апликацијата Samsung Smart Washer на вашиот паметен телефон и допрете го копчето Smart Check. 'Smart Check" може да се промени во "Smart Care" во зависност од избраниот јазик.

4.Насочете ја камерата на паметниот телефон кон кодот кој го прикажува функцијата Smart Check на плочата со екран на машината за перење.

Ако од плочата со екран на машината за перење се рефлектира светлина од некоја светилка, флуоросцентна светилка или лампа, паметниот телефон може да не го препознае кодот кој го прикажува функцијата Smart Check.

Ако паметниот телефон го држите под премногу кос агол во однос на предниот дел на плочата со екран, тој може да не го препознае кодот на грешка. За најдобри резултати, држете го паметниот телефон така што предниот дел на плочата со екран и паметниот телефон да бидат паралелни или приближно паралелни.

5.Ако извршите правилно фокусирање, кодот кој го прикажува Smart Check автоматски ќе биде препознаен, а

деталните информации за статусот на вашата машина за перење, грешката и мерките кои треба да ги преземате ќе се прикажат на вашиот паметен телефон.

6.Ако паметниот телефон повеќе пати не успее да го препознае Smart Check кодот, ве молиме рачно внесете го Smart Check кодот кој се прикажува на плочата со екран на вашата машина за перење во апликацијата Samsung Smart Washer.

КОРИСТЕЊЕ 03

Македонски - 27

Untitled-6 27

 

 

2015-04-06 ￿￿ 12:04:42