Чистење на вашата машина за перење

Со одржување на чистотата на машината за перење се подобрува нејзиното функционирање, се намалува потребата за непотребни поправки и се продолжува работниот век.

ВНИМАНИЕ: Никогаш не користете го циклусот Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот) кога алиштата се во машината за перење. Ова може да предизвика оштетување на алиштата или проблем со машината за перење.

Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот)

Овој циклус е циклус за самостојно чистење кој ја отстранува мувлата или нечистотијата кои можат да се акумулираат во внатрешноста на барабанот.

Постапки за чистење

1.Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите напојувањето.

2.Завртете го избирач на циклус за да го изберете циклусот Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот).

Можете да ја користите само функцијата Delay End (одложено завршување) со циклусот Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот).

За време на циклусот Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот), температурата на водата достигнува 70 ˚C.

Не може да ја промените температурата на водата.

3.Притиснете го копчето Активирање/пауза за да го активирате циклусот Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот).

Не користете никакви средства за чистење при чистењето на барабанот. Остатоците од хемиските средства во барабанот ги намалуваат перформансите за перење.

Автоматски аларам на функцијата еколошко чистење на барабанот

По завршување на перењето, ако машината открие дека е потребно чистење на барабанот, индикаторот за “Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот)

на екранот и соодветната сијаличка на избирач на циклус ќе засветат. Во овој

случај, извадете ги алиштата од машината за перење, вклучете го напојувањето и исчистете го барабанот со активирање на циклусот Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот).

Доколку не го активирате циклусот Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот), индикаторот за Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот) на екранот и соодветната сијаличка на избирач на циклус ќе се исклучат. Тие повторно ќе се вклучат по следните две перења. Имајте предвид дека ова не значи дека има проблем со машината за перење.

Иако функцијата за автоматски аларм на Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот) вообичаено се активира еднаш месечно, зачестеноста може да биде различна во зависност од тоа колку се користи машината за перење.

Ако алармот се активира, исчистете го и филтерот за остатоци (погледнете во делот "Чистење на филтерот за остатоци" на страница 33). Доколку не се придржувате кон ова, перформансите на функцијата Еколошки меурчиња може да се намалат.

ЧИСТЕЊЕ 04

Македонски - 31

Untitled-631

 

 

2015-04-06 ￿￿ 12:04:43