ЧЕКОР 5 - Одредете го капацитетот на полнење

Немојте да ја преполнувате машината за перење. Преполнувањето може да предизвика неправилно перење од страна на машината за перење. За да го дознаете капацитетот на полнење за одреден вид на облека, погледнете на страница 30.

При перење на постелнина или прекривки за постелнина, времето за перење може да се продолжи или ефикасноста на центрифугирање може да се намали. За постелнина или прекривки за постелнина, препорачаната максимална брзина на циклусот за центрифуга е 800 вртежи/минута, а капацитет на полнење изнесува 2,0 kg или помалку.

ВНИМАНИЕ

Ако алиштата не се рамномерно распоредени и се прикажува кодот на грешка “UE”, прераспределете ги алиштата. Нерамномерно распределените алишта можат ад ги намалат перформансите на центрифугирањето.

ЧЕКОР 6 - Користете соодветен ви на детергент

Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење и степенот на валканоста. Секогаш употребувајте детергент за перење кој “не пени” премногу и кој е наменет за автоматските машини за перење.

Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето локално место. Ако не сте сигурни за тврдоста на водата, обратете се во локалните власти за водовод.

Не користете детергент кој се стврднува. Овој детергент може да се задржи по циклусот на плакнење, а тоа може да доведе до блокирање на одводот.

ВНИМАНИЕ

При перење на волна со користење на циклусот за волна, користете само неутрален течен детергент. Ако користите детергент во прав со циклусот за волна, тој може да остане на алиштата и да предизвика нивно избледување.

Македонски - 22

Untitled-6 22

 

 

5/26/2017 4:56:48 PM