Одржување

Чистете ја машината за перење за да спречите намалување на перформансите и да го продолжите нејзиниот работен век.

Eco Drum Clean (Еколошко чистење на барабанот)

Активирајте го овој циклус често за да го чистите барабанот и да ги отстраните бактериите од него.

1.Допрете Course (Циклус) > Eco Drum Clean (Еколошко чистење на барабанот).

2.Преминете на главниот екран и допрете Start (Активирање).

Температурата на водата за опцијата Eco Drum Clean (Еколошко чистење на барабанот) е поставена на 70 °C и тоа не може да се промени.

ВНИМАНИЕ

Не користете никакви средства за чистење при чистењето на барабанот. Остатоците од хемиските средства во барабанот ги намалуваат перформансите за перење.

Потсетник за еколошко чистење на барабанот

Потсетникот за Eco Drum Clean (Еколошко чистење на барабанот) се појавува на главниот екран по секои 40 перења. Ви препорачуваме редовно да вршите Eco Drum Clean (Еколошко чистење на барабанот).

Кога прв пат ќе го видите овој потсетник, можете да го игнорирате (до 6 пати) со допирање на Remind later (Потсети подоцна). По 7-мото перење, потсетникот нема да се појавува. Меѓутоа, тој ќе се појави кога по втор пат ќе дојдете до 40-то перење.

Македонски - 44

Untitled-6 44

 

 

5/26/2017 4:56:53 PM