Безбедносни информации

Безбедносни информации

6.Кај апарати со отвори за вентилација на долниот дел, килимот не треба да ги затвора отворите.

7.За користење во Европа: На децата под 3 години не треба да им биде дозволен пристап, освен ако не се постојано под надзор.

8.ВНИМАНИЕ: Со цел да се избегне ризик поради ненамерно ресетирање на термалниот осигурувач, овој уред не смее да се напојува преку надворешен склопен уред, како на пример тајмер, или да биде поврзан со коло што редовно се вклучува или исклучува од страна на услужната програма.

Сериозни предупредувања при инсталацијата

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Инсталацијата на овој уред мора да ја изведува квалификуван техничар или компанија за сервисирање.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреди.

Уредот е тежок, па затоа внимавајте кога го подигнувате.

Приклучете го кабелот за напојување во ѕиден штекер што е во согласност со локалните струјни спецификации. Користете го штекерот само за овој уред и не користете продолжителен кабел.

Доколку ѕидниот штекер го користите и за други уреди преку разделник или пак го продолжите кабелот за напојување може да дојде до електричен удар или пожар.

Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да бидат исти како оние од спецификациите на производот. Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар. Цврсто вметнете го штекерот во приклучокот за струја.

Со сува крпа редовно отстранувајте ги сите страни материи, како што се прав или вода, од терминалите на штекерот.

Извадете го приклучокот за напојување и исчистете го со сува крпа.

Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

Приклучокот за напојување вметнете го во ѕидниот штекер, така што кабелот паѓа надолу кон подот.

Ако приклучокот за напојување го поврзете во штекерот во спротивна насока (завртен нагоре), електричните жици во кабелот може да се оштетат и ова може да предизвика електричен удар или пожар.

6  Македонски

WW80M644OPW_DC68-03863Q-00_MK.indd 6

 

 

2017/12/14 8:55:36