Специјални функции

AddWash

Кога индикаторот AddWash е вклучен, можете да ја запрете работата на машината и да додадете алишта или омекнувач во барабанот. Вратата Add Door се отвора под агол поголем од 130° за лесен пристап.

1. Притиснете го копчето Старт/Пауза (Задржете за старт) за да ја запрете операцијата.

2. Притискајте врз горната површина на вратата Add Door сè додека не слушнете звук на „кликнување“ за да ја отклучите. Повлечете ја рачката на Add Door за да ја отворите.

3. Отворете ја вратата Add Door и додадете алишта или омекнувач во барабанот.

4. Притискајте го копчето Add Door додека не чуете звук на кликнување за да се затвори.

5. Притиснете и задржете го копчето Старт/ Пауза (Задржете за старт) за да ја продолжите операцијата.

ВНИМАНИЕ

Не употребувајте преголема сила врз Add Door. Може да се скрши.

ЗАБЕЛЕШКА

Водата во барабанот нема да протече ако вратата Add Door е правилно затворена. Околу вратата може да се формираат капки вода, но тие нема да истечат од внатрешноста на барабанот.

ВНИМАНИЕ

Не отворајте ја Add Door доколку во барабанот има пена која го надминува нивото на висината на Add Door.

Не обидувајте се да ја отворите вратата Add Door додека работи машината, без претходно да притиснете на копчето Старт/Пауза (Задржете за старт). Ве молиме имајте предвид дека вратата Add Door може да се отвори ненамерно (без да притиснете Старт/Пауза (Задржете за старт)) кога ќе заврши перењето.

Не ставајте премногу алишта преку Add Door. Перформансите можат да се намалат.

Не користете ја долната површина на Add Door како рачка. Можно е да ги приклештите прстите.

Внимавајте алиштата да не се заглават во Add Door.

Oперации

Македонски  39

WW80M644OPW_DC68-03863Q-00_MK.indd 39

 

 

2017/12/14 8:55:45