Oперации

Не дозволувајте им на домашните миленичиња да се доближуваат до машината за перење, особено до Add Door.

Ако перете со топла вода, можно е да добиете впечаток дека водата протекува од Add Door при отворање или затворање на Add Door. Тоа е нормално, бидејќи пареата што излегува преку отворената Add Door се оладила и формирала капки вода на површината.

Кога ќе ја затворите вратата Add Door, таа се прилепува и не дозволува протекување на водата. Но, околу вратата може да забележите нешто што изгледа како протекување на вода - некое мало количество вода што се задржало околу вратата Add Door може да формира капки вода. Ова е нормално.

Ниту главната врата ниту Add Door може да се отворат кога температурата на водата надминува 50 ˚C. Ако нивото на водата во барабанот надминува одредена точка, главната врата не може да се отвори.

Ако на екранот се прикаже информативниот код„DDC“, погледнете го делот Информативни кодови за да дознаете што треба да преземете понатаму.

Одржувајте ги Add door и околните копчиња постојано чисти. Остатоци или детергент на или околу дихтунзите на Add door може да предизвикаат протекување.

Oперации

40  Македонски

WW80M644OPW_DC68-03863Q-00_MK.indd 40

 

 

2017/12/14 8:55:45