безбедносни информации
Важни безбедносни мерки
1.Внимателно прочитајте го целото упатство. Пред вклучувањето, проверете дали напонот на вашата електрична мрежа е ист како оној назначен на плочката од долната страна на правосмукалката.
2.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Немојте да ја користите правосмукалката кога тепихот или подот се мокри.
Не користете ја за всмукување вода.
3.Бидете многу внимателни при користењето кој било апарат покрај или близу деца. Не дозволувајте правосмукалката да се користи како играчка. Не дозволувајте правосмукалката да остане вклучена без надзор. Користете ја правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во упатството.
4.Немојте да ја користите правосмукалката без кантичката за прав. За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред да се наполни докрај.
5.Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или отпушоци. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот. Исто така, немојте да ја користите правосмукалката за собирање шеќер, сол, прав од градежни материјали (на пр., цемент, метални струготини итн.)
6.Одбегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие може да ги оштетат деловите на апаратот. Не газете го составот со цревото. Не ставајте тежина врз цревото. Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.
7.Исклучете ја правосмукалката на куќиштето на апаратот пред да го извадите приклучникот од штекерот. Извадете го приклучникот од штекерот пред да ја празните кантичката за прав. За да избегнете оштетувања, извадете го приклучникот држејќи го него, а не со влечење на кабелот.
8.Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
9.Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
10.Приклучникот мора да биде изваден од штекерот пред чистењето или одржувањето на апаратот.
11.Не се препорачува користење на продолжен кабел.
12.Ако правосмукалката не работи правилно, исклучете го напојувањето и посоветувајте се со овластен сервисер.
13.Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани ситуации.
14.Немојте да ја носите правосмукалката држејќи го цревото. Користете ја рачката на куќиштето.
15.Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката. Исклучете ја пред да го извадите кабелот.
16.Бидете внимателни кога чистите скали. Немојте да ја користите правосмукалката кога ќе се преврти.
17.Не ја накосувајте кантичката за прав, ако во пределот за прав има вода.
18.Не ја прскајте со вода.
Не го чистете делот со прекинувач.
19.Строго придржувајте се до упатствата во однос на сервисирање на филтерите и собирачот на прав. Игнорирањето на упатствата може да резултира со оштетување на правосмукалката и намалување на нејзиниот работен век.
безбедносни информации _03