МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ
Користете садови исклучиво наменети за употреба во микробранови печки; НЕ употребувајте метални садови, тенџериња со златни и сребрени делови, ражен, вилушки и сл.
Отстранете ги врвките од хартиените и пластични ќеси.
Причина: Електрично празнење или искри може да предизвикаат оштетување на печката.
Кога загревате храна во пластични или хартиени кеси, внимавајте да не дојде до палење;
Не сушете весници или облека во микробрановата печка.
Користете пократки времиња за помали количини на храна за да спречите прегревање и горење на храната.
Ако се појави чад, исклучете го уредот или прекинете го напојувањето и оставете ја вратата затворена за да се изгасне пламенот;
Чистете ја печката редовно и отстранете ги сите остатоци од храна;
Не го потопувајте кабелот или приклучокот за напојување во вода и држете го кабелот за напојување подалеку од топлина.
Јајца со лушпа и тврдо варени јајца не треба да се загреваат во микробрановата печка, бидејќи може да експлодираат, дури и ако печката повеќе не е вклучена; Исто така, не загревајте херметички или вакуумирани шишиња, тегли, садови, ореви со лушпа, домати и сл.
Не покривајте ги отворите за вентилација со крпа или весници. Тие може да се запалат од топлиот воздух кој излегува од внатрешноста на печката.
Исто така, печката може да се прегрее и автоматски да се исклучи, а ќе остане исклучена сè додека не се излади доволно.
Секогаш употребувајте ракавици при вадење на сад од печката за да не добиете изгореници.
Не допирајте ги загреаните делови или внатрешноста на печката сè додека не се оладат.
Промешајте ги течностите при загревањето или по завршување на загревањето и оставете го садот со течности најмалку 20 секунди по загревањето за да спречите превривање.
Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате вратата за да не добиете изгореници од жешкиот возудх или пареата која излегува.
Не употребувајте ja микробрановата печка кога е празна. Микробрановата печка автоматски ќе се исклучи за 30 минути заради безбедносни причини. Ви препорачуваме постојано да ставате чаша со вода во печката за апсорбирање на микробрановата енергија доколку микробрановата печка случајно се активира.
Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за чистење на стаклото од вратата на печката кои може да го оштетат и да придонесат тоа да се скрши.
Инсталирајте ја печката во согласност со слободниот простор кој е наведен во ова упатство. (погледнете го делот за инсталирање на микробрановата печка.)
Внимавајте при приклучувањето на останатите електрични уреди во штекер во близина на печката.
8