ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сериозни ПРЕДУПРЕДУВАЊА при инсталацијата
Инсталирањето на овој уред мора да биде извршено од страна на квалификувано техничко лице или компанија за сервисирање.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреди.
Уредот е тежок, па затоа внимавајте кога го подигнувате.
Приклучете го кабелот за напојување во AC 220 - 240 V / 50 Hz ѕиден штекер и тој штекер употребувајте го единствено за овој уред. Никогаш не користете продолжителен кабел.
•Доколку ѕидниот штекер го користите и за други уреди преку разделник или пак го продолжите кабелот за напојување може да дојде до електричен удар или пожар.
•Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да бидат исти како оние од спецификациите на производот. Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар. Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер.
Редовно вршете отстранување на сите супстанци како прав или вода од приклучокот за напојување и допирните точки со помош на сува крпа.
•Извадете го приклучокот за напојување и исчистете го со сува крпа.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Приклучокот за напојување вметнете го во ѕидниот штекер, така што кабелот паѓа надолу кон подот.
•Ако приклучокот за напојување го поврзете во штекерот во спротивна насока (завртен нагоре), електричните жици во кабелот може да се оштетат и ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејќи таа може да биде опасна за нив.
•Доколку дете стави ќеса преку својата глава, може да се задуши.
Кога уредот, приклучокот за напојување или кабелот за напојување ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен центар.
Уредот мора да биде правилно заземјен.
Немојте да го заземјувате уредот на цевка за гас, пластична цевка за вода или телефонска линија.
•Ова може да предизвика електричен удар, пожар, експлозија или проблеми со производот.
•Никогаш немојте да го приклучувате кабелот за напојување во штекер кој не е правилно заземјен и проверете дали штекерот е во согласност со локалните и националните регулативи.
Немојте да го инсталирате овој уред во близина на грејно тело или кој било запалив материјал.
Немојте да го инсталирате овој уред на влажно, масно или прашливо место или, пак, на место изложено на директна сончева светлина и вода (капки од дожд).
Немојте да го инсталирате овој уред на места изложени на ниска температура.
•Мразот може да предизвика пукање на цевките.
Немојте да го инсталирате овој уред на места каде што се можни истекувања на гас.
•Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Не користете електричен трансформатор.
•Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер со раширени отвори.
•Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Немојте прекумерно да го влечете или прекршувате кабелот за напојување.
Немојте да го завртувате или заврзувате кабелот за напојување.
Немојте да го закачувате кабелот за напојување на метален предмет, да поставувате тежок предмет врз кабелот, да го вметнувате кабелот помеѓу предмети или да го притискате кабелот во просторот зад уредот.
•Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
При вадење на приклучокот за напојување немојте да го влечете кабелот.
•Приклучокот за напојување извадете го држејќи го приклучокот.
Македонски - 6