По инсталирањето, потребно е да бидете во можност да го исклучите уредот. Исклучувањето може да се изврши ако имате пристап до приклучокот или ако вградите прекинувач во фиксната инсталација во согласност со правилата за поставување инсталација.
За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови во рерната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да се загреат за време на употребата. Не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.
Ако уредот се одликува со функција за автоматско чистење или чистење со пареа, истурената храна мора да се отстрани пред чистењето, а садовите треба да се отстранат од рерната за време на чистењето со пареа или автоматското чистење. (само модел со функција за чистење)
Ако овој уред се одликува со функција за автоматско чистење, за време на автоматското чистење површините може да се загреат повеќе од вообичаено, па затоа не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина. (само модел со функција за чистење)
Користете ја сондата за температура која е препорачана за оваа рерна. (само модели со сонда за мерење на температура)
Уредот не треба да се чисти со пареа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар.
Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за чистење на стаклото од вратата на рерната кои може да го оштетат и да придонесат тоа да се скрши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови може да се загреат за време на употребата. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови. Децата на возраст помала од 8 години не треба да бидат во близина, освен под постојан надзор.