на мраз, што значи дека нема потреба рачно да се одмрзнува уредот, бидејќи тоа ќе се изврши автоматски.

•Температурата која расте при одмрзнувањето може да биде во склад со ISO барањата. Но ако сакате да спречите претеран раст на температурата на смрзнатата храна додека уредот се одмрзнува, замотајте ја смрзнатата храна во неколку слоја хартија од весник.

Било какво зголемување на температурата на смрзнатата храна при одмрзнување може да го намали рокот на складирање.

Совети за штедење енергија

-Поставете го уредот во ладна, сува соба со адекватна вентилација. Обезбедете се дека не е изложен на директна сончева светлина и никогаш не го ставајте до директен извор на топлина (на пример радијатор).

-Никогаш не ги блокирајте отворите за вентилација или решетките на уредот.-Оставете ја топлата храна да се олади пред да јаставите во уредот.

12_ Безбедносни информации

-Ставете смрзната храна во ладилникот да се растопи. Потоа можете да ги користите ниските температури на смрзнатите производи за да ја оладите храната во ладилникот.

-Не ја држете вратата на ладилникот отворена предолго додека ставате или вадите храна. Колку пократко време вратата е отворена, толку помалку мраз ќе се создаде во замрзнувачот.

-Чистете го задниот дел од ладилникот редовно. Прашината ја зголемува потрошувачката на енергија.

-Не ја подесувајте температура поладна отколку што е потребно.

-Обезбедете доволен издув на воздух на базата на ладилникот и на задниот ѕид на ладилникот. Не ги покривајте отворите за вентилација.

-При вградувањето, оставете простор десно, лево, позади и над ладилникот. Ова ќе помогне да се намали потрошувачката на енергија а со тоа може и да се намалат вашите сметки за електрична енергија.

DA99-03417T.indb 12

13. 8. 21. ￿￿ 11:06