Прикачување на телевизорот со држачот

Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги понудените инструкции за составување.

Монтирање на телевизорот на ѕид користејќи го комплетот со ѕиден носач (изборно)

Ако го монтирате производот на ѕид, тоа треба да го сторите на начин кој го препорачува производителот. Доколку не го монтирате правилно, производот може да излезе од лежиштето

ида падне, да предизвика сериозни повреди на деца или возрасни и сериозни оштетувања на производот.

Монтирање на комплетот со ѕиден носач

Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ќе ви овозможат да го монтирате телевизорот на ѕид.

За детални информации во врска со инсталирањето на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои се испорачуваат со ѕидниот носач. Ви препорачуваме да се обратите до техничко лице за помош при инсталирањето на ѕидниот носач. Не Ви препорачуваме да го направите сами. Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку се одлучите сами да го монтирате ѕидниот носач.

Носач за

монтирање телевизор на ѕид

C

Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)

Комплетот со ѕиден носач не се испорачува, туку се продава одделно. Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Кога го прицврстувате ѕидниот носач за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се до најблискиот дистрибутер. Доколку производот се инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, може да предизвика сериозни повреди.

-- Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата подолу.

-- При купувањето на нашиот ѕиден носач, обезбедено е детално упатство за инсталирање и сите останати делови потребни при монтажата.

-- Не употребувајте завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки.

-- Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.

Македонски - 4