Важни безбедносни инструкции

Предупредување! Важни безбедносни инструкции

(Ве молиме прочитајте го соодветниот дел кој одговара на ознаките на вашиот производ од Samsung

пред да започнете да го поставувате производот.)

ВНИМАНИЕ

РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТВОРАЈТЕ

ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.

Овој симбол посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасно е да доаѓате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ.

Овој симбол посочува дека со производот е испорачана важна литература во врска со неговото функционирање и одржување.

Приклучните места и отворите на ормарот и на задната или на долната страна се наменети за вентилација. За да се обезбеди сигурно функционирање на овој уред, но и да се заштити од прегревање, овие приклучни места и отвори никогаш не треба да бидат блокирани или покриени.

−− Не го сместувајте овој уред во затворен простор, како што се полици за книги или вградени ормари, освен ако не овозможите соодветна вентилација.

−− Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина.

−− Не ставајте садови кои се полни со вода(вазни итн.) врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика ризик од пожар или електричен удар.

Не го изложувајте овој уред на дожд и не го поставувајте во близина на вода(во близина на када, лавабо, кујнско лавабо или корито за алишта, во влажен подрум или во близина на базен итн.). Доколку овој уред случајно се навлажни, исклучете го кабелот и веднаш обратете се кај овластениот дилер. Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја пред чистењето.

Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат правила според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии, земајќи ја предвид животната средина. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање.

Не ги оптоварувајте ѕидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар.

Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ќе се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив, особено внимавајќи на приклучоците на краевите од кабелот, адаптерите и местата на кои излегуваат од уредот.

За да го заштитите овој уред од удар од гром или да го заштитите кога долг временски период не се користи или надгледува, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем. На тој начин ќе спречите оштетувања на уредот предизвикани од удар од гром и промени во напонските водови.

Пред да го поврзете кабелот за AC напојување со приклучокот на DC адаптерот, проверете дали ознаката за напон на DC адаптерот одговара со локалното електрично напојување.

Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Тоа може да доведе до опасност од електричен удар.

За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.

Не заборавајте да проверите дали кабелот за напојување е целосно приклучен. При исклучување на кабелот за напојување, не заборавајте да го држите приклучокот за напојување додека го влечете од приклучокот за струја. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.

Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот дилер или сервисен центар.

Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја ако уредот нема да се користи или ако излезете од домот на подолг временски период (особено кога деца, постари луѓе или луѓе со посебни потреби ќе останат сами во домот).

−− Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, така што поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или, пак, изолацијата може да ги изгуби своите својства.

Не заборавајте да се обратите во овластен сервисен центар, доколку го поставувате вашиот уред на места со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци и на места каде што ќе работи 24 часа, како на пример аеродром, железничка станица итн.

Доколку не се придржувате кон ова, може да дојде до сериозно оштетување на вашиот уред.

Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.

−− Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа l.)

За да го исклучите уредот од напојување, мора да го извлечете приклучокот од штекерот, па поради тоа кабелот за напојување треба да биде лесно достапен.

Не дозволувајте им на децата да се потпираат на уредот.

Галантеријата (батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на децата.

Не поставувајте го производот на нестабилно место како што е полица која мрда, закосен под или место кое е изложено на вибрации.

Заштитете го уредот од паѓање и не го изложувајте на удари. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар.

Исклучете го кабелот за напојување од штекерот и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубрикант или детергент. Тие можат да го оштетат изгледот или да ги избришат испечатените ознаки на телевизорот.

Уредот не треба да се изложува на капки или прскање.

Не фрлајте ги батериите во оган.

Не ги расклопувајте, прегревајте или правете краток спој на батериите.

Постои опасност од експлозија доколку батериите неправилно се заменат. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.

Македонски - 2

[UF5570-ZH]BN68-04878H-02L16.indb 2

2013-11-15 ￿￿ 8:48:58

Page 222
Image 222
Samsung UE46F5570SSXZH, UE46F5570SSXZG, UE40F5570SSXZH, UE42F5570SSXZH manual Предупредување! Важни безбедносни инструкции

UE40F5570SSXZH, UE46F5570SSXZH, UE42F5570SSXZH, UE46F5570SSXZG specifications

Samsung has long been a leader in the television industry, providing consumers with innovative technologies and top-tier features to enhance the viewing experience. A prime example of this commitment to excellence can be found in models such as the UE32F5570SSXZG, UE46F5570SSXZH, UE46F5570SSXZG, and UE46F5570SSXXH. These televisions are equipped with a host of advanced features that cater to a wide range of viewing preferences.

One of the key characteristics of these models is their Full HD resolution. With a resolution of 1920 x 1080 pixels, viewers are treated to crystal-clear images that bring content to life. Whether it’s fast-paced sports or thrilling action films, the detail in every scene is impressive, ensuring that users miss nothing.

Additionally, these Samsung models come outfitted with advanced picture technologies such as the Wide Color Enhancer Plus, which broadens the color spectrum and enhances the accuracy of colors displayed on the screen. This feature ensures that all shades and tones appear lively and true-to-life, enhancing the overall viewing experience.

Moreover, the televisions are equipped with Samsung’s Smart Hub, providing users with seamless access to their favorite content. With a user-friendly interface, Smart Hub allows viewers to browse popular streaming services like Netflix, YouTube, and other apps effortlessly. Furthermore, the Smart View feature enables users to share smartphone content on the big screen easily, making these models perfect for social gatherings.

The design of the UE series is sleek and modern, with thin bezels that focus attention on the screen itself. The slim profile makes it suitable for various room atmospheres, whether mounted on a wall or placed on a stand.

Another noteworthy aspect is the presence of multiple connectivity options, including HDMI and USB ports, allowing users to connect external devices such as gaming consoles, Blu-ray players, and USB drives without hassle.

In terms of audio, these models feature Dolby Digital Plus technology, which provides a surround sound experience that compliments the stunning visuals.

In summary, the Samsung UE32F5570SSXZG, UE46F5570SSXZH, UE46F5570SSXZG, and UE46F5570SSXXH models provide viewers with an impressive combination of features, including Full HD resolution, advanced color technology, smart capabilities, and multiple connectivity options. With their cutting-edge technologies and stylish designs, these televisions stand out as exceptional choices for any entertainment setup.