За да избегнете оштетувања, извадете го приклучникот држејќи го него, а не со влечење на кабелот.

Уредот може да го користат деца над 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку ја разбираат опасноста која им прети. Децата не смеат да играат со апаратот.

Децата не смеат да чистат или да изведуваат корисничко одржување без надзор.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со апаратот.

Приклучникот мора да биде изваден од штекерот пред чистењето или одржувањето на апаратот.

Не се препорачува користење на продолжен кабел.

Ако правосмукалката не работи правилно, исклучете го напојувањето и посоветувајте се со овластен сервисер.

Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани ситуации.

Немојте да ја носите правосмукалката држејќи го цревото. Користете ја рачката на куќиштето.

Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката. Исклучете ја пред да го извадите кабелот.

За повеќе информации во врска со определбите на компаниjата Samsung за заштита на животната средина и посебните законски обврски за производите, како на

пр. REACH, посетете ја веб-страницата: samsung.com/uk/ aboutsamsung/samsungelectronics/corporatecitizenship/data_ corner.html

04_ безбедносни информации

DJ68-00698P-13.indb 4

2017. 6. 3. �� 8:59