УВ ЧЕТКА
•Бидејќи УВ зраците од УВ четката ги оштетуваат очите и кожата, никогаш не дозволувајте зраците да дојдат во контакт со кожата или очите и не оставајте ги децата или старите лица да ја користат УВ четката.
Тоа може да ви го оштети видот.
•Ако проѕирниот прозорец е скршен и ако УВ зраците се директно изложени, исклучете го апаратот и јавете се во сервисниот центар.
•Не користете ја УВ четката за друга намена освен за стерилизација на душеци, постелнина, кревети, перници итн., направени од платно.
Компанијата не прифаќа одговорност за загуба поради несреќи предизвикани со употреба на УВ четката за други цели, освен за горенаведените предвидени цели.
•Не седете на УВ четката и не испуштајте ја, а избегнувајте и нанесување удари на производот.
Доколку не се придржувате кон ова, може да дојде до повреда или до оштетување на производот.
•Не допирајте ги струјните приклучоци на задната страна на УВ четката со метална игла или прачка.
Тоа може да доведе до струен удар или пожар.
•Кога УВ ламбата не е исправна, немојте самите да го демонтирате или модификувате производот. Побарајте замена кај продавачот или во сервисниот центар.
•Бидејќи во внатрешноста на УВ четката доаѓа до електрично празнење, никогаш не користете ја во близина на запаливи спрејови или материи.
•Внимавајте, по подолго користење на УВ четката да не го допрете прозорецот на УВ ламбата, бидејќи површината на прозорецот може да биде жешка.
•При ниски температури УВ четката може да стартува поспоро поради инхерентните својства на УВ лампите. Чувајте ја УВ четката во затворени простории.
безбедносни информации _05
2017. 6. 3. �� 8:59 |