Бидете многу внимателни при користење на какви било апарати покрај или во близина на децата. Не дозволувајте правосмукалката да се користи како играчка. Не дозволувајте правосмукалката да остане вклучена без надзор. Користете ја правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во упатството.

Немојте да ја користите правосмукалката без кантичката за прав.

За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред целосно да се наполни.

Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или отпушоци. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.

Избегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие можат да ги оштетат деловите на апаратот.

Не газете врз склопот со цревото. Не ставајте тежина врз цревото.

Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.

Исклучете ја правосмукалката на куќиштето на апаратот пред да го извадите приклучникот од штекерот. Извадете го приклучникот од штекерот пред да ја празните кантичката за прав. За да избегнете оштетувања, извадете го приклучникот држејќи го него, а не со влечење на кабелот.

Овој уред можат да го користат деца на возраст од 8 или повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или, пак, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се даваат инструкции во врска со користење на уредот на безбеден начин и доколку ги разберат опасностите кои можат да произлезат. Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не смеат да го вршат деца без надзор.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

Приклучникот мора да биде изваден од штекерот пред чистењето или одржувањето на апаратот.

Не се препорачува користење на продолжен кабел.

Ако правосмукалката не работи правилно, исклучете го напојувањето и посоветувајте се со овластен сервисер.

Македонски 5

одготовкаП

VC5100_13ge_00744B-06_GE.indb 5

2017-06-12 오후 12:04:02