ВАЖНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА

1.Прочитајте ги сите инструкции внимателно. Пред да го вклучите уредот, проверете дали напонот на вашата електрична мрежа е ист со утврдениот, запишан на долниот дел од правосмукалката.

2.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ја користете правосмукалката доколку ќилимот или подот е влажен. Не ја користете за всмукување на вода.

3.Овој уред не е наменет за употреба од страна на деца или немоќни лица, освен доколку тие не се соодветно надгледувани од одговорно лице за да може да го користат уредот сигурно. Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

4.Не ја користете правосмукалката без вреќата за прав. Испразнете ја вреќата пред да се наполни за да се одржува максимална ефикасност на уредот.

5.Поставете го лизгачот на Stop (или Мin), пред да го уклучите уредот во електричниот отвор (штекер).

6.Не ја користете правосмукалката за да собирате чкорчиња, жар или догорчиња од цигари. Правосмукалката држете ја понастрана од печки и други извори на топлина. Топлината може да ги деформира или избледи пластичните делови на уредот.

7.Избегнувајте собирање на тврди, остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие можат да ги оштетат деловите на уредот. Не застанувајте на склопот за цревото. Не ставајте тежина на цревото. Не го блокирајте отворот за всмукување, ниту пак издувниот дел.

8.Пред да ја исклучите правосмукалката од струја, исклучете ја правосмукалката. Фатете го утикачот в рака за да го исклучите кабелот од електричниот извор пред да ги земете вреќата или филтрите.

9.Утикачот мора да се извади од електричниот извор (штекерот) при чистење или одржување на уредот.

10.Не е препорачливо користење на продолжен кабел.

11.Ако вашата правосмукалка не работи добро, исклучете ја од струја и консултирајте овластен сервис.

12.Доколку кабелот на правосмукалката се оштети, мора да биде заменет од производителот, овластен сервис или лица кои се квалифицирани за избегнување на опасности.

13.Правосмукалката има свој термички прекинувач за само-исклучување при прегревање. Прегревање може да се случи при блокирање на филтерот, четката, цевката или цревото. По оттргнување на предметот и ладење на моторот, правосмукалката автоматски повторно се вклучува.

1

Page 18
Image 18
Samsung VCC5330H32/BOL manual Важни Мерки ЗА Заштита