ffНемојте да го користите POWERbot во близина на лизгалки, внатрешни лулашки, саксии, камини или на места изложени на оган или влага.

–– Ако не се придржувате до ова, може да предизвикате материјални штети.

ffНемојте да лежите на земја во близина на POWERBOT додека работи.

–– Вашата коса може да се заглави во моќната четка, што може да доведе до физичка повреда.

Чистење и одржување

Забелешка

ffДоколку сте ги измиле кантичката за прав и филтерот со вода

–– Кантичка за прав: Целосно избришете ја водата.

–– Филтер: Целосно исушете го во сенка пред да го употребите.

ffАко ви требаат повеќе филтри, купете ги во овластени сервисни центри на Samsung.

Внимание

ffВнимавајте на прстите кога го прикачувате или отстранувате филтерот, бидејќи можат да ви се заглават во отворот на кантичката за прав.

ffЗа да спречите попречувања од надворешни честички, не дозволувајте POWERbot да вшмукува чепкалки за заби, памучни чепкалки итн.

ffНадворешните честички тешко се отстрануваат од моќната четка, па затоа обратете се во овластен сервисен центар на Samsung.

ffБидејќи моќната четка отстранува прав од подот за време на чистењето, надворешните честички како влакна, долга коса, итн. може да се заглават во неа. За најдобри резултати од чистењето, потребни се редовни проверки и чистење.

За батеријата

Забелешка

ffКупувајте батерии од овластени сервисни центри на Samsung и проверете го симболот

за оригинални делови () и името на моделот пред купувањето.

ffОваа батерија е ексклузивно наменета за POWERbot од Samsung Electronics. Не употребувајте ја со ниту еден друг производ.

ffНе ја расклопувајте или модифицирајте батеријата.ffНе фрлајте ја батеријата во оган и не ја загревајте.ffНемојте да поврзувате каков било металенпредмет на контактите за полнење (+, -).

ffЧувајте ја батеријата во затворена просторија (на температура од 0 °C до 40 °C).

ffДоколку батериите не функционираат правилно, немојте сами да ги расклопувате. Обратете се во најблискиот сервисен центар на Samsung.

ffВремето за полнење на батеријата и времето на користење можат да се намалат поради сè поголемата употреба на батеријата. Ако работниот век на батеријата измине и таа не се полни правилно, тогаш треба да ја замените во сервисен центар на Samsung.

ffГаранцијата на батеријата трае 6 месеци од датумот на купување.
МАКЕДОНСКИ-19

4_SR2AJ90@@U_MK_00740F-00_GE.indd 19

2015-12-24 오전 10:50:21