Важни симболи за мерки на претпазливост

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар или други повреди при користење на вашиот уред, следете ги основните мерки на претпазливост, меѓу кои и:

Не дозволувајте деца (или куќни миленичиња) да си играат во / на машината. Машината за перење не може да се отвори лесно одвнатре и децата можат сериозно да се повредат доколку се заглават во внатрешноста.

Уредот не треба да го користат лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

За користење во Европа: Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца без соодветен надзор.

Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат несакани ситуации.

Овој уред треба да се позиционира така што приклучокот за напојување, славините за довод на вода и цевките за одвод да бидат достапни.

Кај апарати со отвори за вентилација на долниот дел, килимот не треба да ги затвора отворите.

Треба да ги користите новите црева што се испорачуваат со апаратот, а старите црева не треба повторно да се користат.

ВНИМАНИЕ: За да избегнете опасност поради ненамерно ресетирање на термичкиот прекинувач, овој апарат не смее да се напојува преку надворешен уред со можност за прекинување на напојувањето, како што е тајмер, или, пак, да се поврзе на електрично коло кое често се вклучува и исклучува во зависност од намената.

Македонски - 5

ИНФОРМАЦИИ БЕЗБЕДНОСНИ 01

Untitled-39 5

 

 

2014-01-21 �� 6:57:42