Безбедносни информации

Ви честитаме за вашата нова машина за перење од Samsung. Ова упатство содржи важни информации за инсталирањето, користењето и грижата за вашиот уред. За целосно да ги искористите придобивките и функциите на вашата машина за перење, ве молиме одвојте малку време за да го прочитате упатството.

Што треба да знаете за безбедносните мерки

Ве молиме внимателно да го прочитате упатството, за да бидете сигурни дека знаете како безбедно и ефикасно да ракувате со важните функции на вашиот нов уред. Ве молиме чувајте го упатството на безбедно место во близина на уредот за понатамошно консултирање. Овој уред употребувајте го единствено за наменетата функција како што е опишано во ова упатство.

Предупредувањата и важните безбедносни мерки во ова упатство не ги опфаќаат сите околности и ситуации кои може да настанат. Ваша одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при инсталирањето, одржувањето и употребата на вашата машина за перење.

Бидејќи следните инструкции за користење опфаќаат различни модели, карактеристиките на вашата машина за перење можат малку да се разликуваат од оние опишани во ова упатство и можно е некои предупредувања да не бидат релевантни. Доколку имате прашања или одредени грижи, обратете се до најблискиот сервисен центар или побарајте помош и информации преку интернет од www.samsung.com.

Важни симболи за безбедност

Што означуваат малите слики и симболите во ова упатство за користење:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни повреди, смрт и/или оштетување на околината.

ВНИМАНИЕ: Ризично или опасно ракување кое може да предизвика повреди и/или оштетување на околината.

ЗАБЕЛЕШКА

Целта на овие предупредувачки знаци е да спречат повреда кај вас и кај другите лица. Ве молиме следете ги експлицитно.

Откако ќе го прочитате ова упатство, складирајте го на безбедно место за понатамошно консултирање.

Прочитајте ги сите инструкции пред да го употребите уредот.

Како и кај сите други уреди кои користат електрични и подвижни делови, постојат одредени потенцијални опасности. За безбедно користење на уредот, запознајте се со начинот на функционирање и бидете внимателни при неговото користење.

Македонски - 4

WF70F5E_WF60F4E_03445A-02_MK.indd 4

2014-04-21 ￿￿ 10:10:09

Page 75
Image 75
Samsung WF60F4EFW0W/LE, WF70F5EDW2W/LE manual Забелешка, Прочитајте ги сите инструкции пред да го употребите уредот