безбедносни информации

Не качувајте се врз уредот и не ставајте предмети врз него (алишта, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети, итн.).

-Ова може да предизвика струен удар, пожар, проблеми со производот или повреда.

Не прскајте испарливи материи, како инсектициди, на површината на уредот.

-Покрај тоа што е штетно за луѓето, тоа може да предизвика и струен удар, пожар или проблеми со производот.

Немојте во близина на машината да ставате предмети што создаваат електромагнетно поле.

-Тоа би можело да предизвика пречки во работењето.

Не допирајте ја водата што се испушта во текот на циклус на перење или сушење под висока температура е жешка, бидејќи е жешка.

-Тоа може да предизвика изгореници или повреда.

Немојте да перете, центрифугирате или сушите водоотпорни подлошки за седење, простирки или облека (*) освен ако уредот има специјална програма за перење на таквите предмети.

-Не перете дебели, тврди простирки, дури и ако имаат ознака дека можат да се перат во машина.

-Тоа би можело да предизвика повреда или оштетување на машината, ѕидовите, подот или облеката, предизвикани од ненормалните вибрации.

*Не перете волнени ќебиња, ветровки, полнети елеци, пантолани за скијање, вреќи за спиење, мушами за пелени, облека за потење, како и циради за велосипеди, мотоцикли, автомобили, итн.

Не ракувајте со машината ако е изваден садот за детергент.

-Тоа може да предизвика струен удар или повреда поради протекување на водата.

Не допирајте ја внатрешноста на барабанот за време или веднаш откако ќе заврши сушењето, бидејќи е жежок.

-Тоа би можело да предизвика изгореници.

Не пикајте ја раката во отворениот сад за детергент.

-Тоа би можело да доведе до повреда, бидејќи раката може да Ви се фати во уредот за примање детергент. Немојте во машината да ставате никакви други предмети (на пр. чевли, остатоци од храна, животни) освен алишта.

-Тоа би можело да предизвика оштетување на машината или повреда и смрт на животните, предизвикани од ненормалните вибрации.

Не притискајте ги копчињата со остри предмети, како игли, ножеви, нокти, итн.

-Тоа може да предизвика струен удар или повреда.

Не перете алишта коишто се извалкани со масла, креми или лосиони кои обично се наоѓаат во продавниците за нега на кожа или во салоните за масажа.

-Тоа може да предизвика деформирање на гумата на вратата и потоа до протекување на водата.

Не оставајте ги металните предмети, како безопасни или шноли за коса, или пак белилото, подолго време во барабанот.

-Тоа може да предизвика ‘рѓосување на барабанот

-Ако на површината на барабанот се појави ‘рѓа, нанесете средство за чистење (неутрално) врз површината и исчистете ја ‘рѓата со сунѓер. Никогаш не користете метална четка.

Не употребувајте детергент за суво чистење директно и не перете, плакнете или центрифугирајте алишта извалкани со детергент за суво чистење.

-Тоа би можело да предизвика спонтано согорување или палење поради оксидација на маслото.

Не користете ја топлата вода од уреди за ладење/греење.

-Тоа може да предизвика проблеми кај машината.

10_ безбедносни информации

 

 

 

 

WF702Y4BK-03149E-03_MK.indd 10

2013-5-14 9:01:24