3.Прво, ослободете ги четирите завртки од адаптерот со помош на ‘+’

шрафцигер. Потоа, држејќи го делот (D) завртете го делот (E) во насока на стрелката додека процепот не биде 5 mm.

(*): 5 mm

4.Поврзете ги адаптерот и славината со цврсто стегнување на сите завртки, со истовремено подигнување на адаптерот нагоре.

Потоа прицврстете го адаптерот со вртење на делот (E) во насока на стрелката.

5.Поврзете го цревото за довод на вода со адаптерот. Ако го турнете делот

(F) во адаптерот, цревото автоматски ќе се поврзе со адаптерот и ќе се

слушне звук - ‘клик’.

Откако ќе го поврзете цревото за довод на вода со адаптерот, проверете дали цревото за довод на вода е правилно поврзано повлекувајќи го надолу.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Проверете дали цревото за довод на вода е свиткано. Ако цревото е свиткано, постои опасност од истекување на вода и електричен удар поради истекувањето на водата. По потреба, можете да ја промените положбата на цревото за довод на вода со ослободување на додатокот на цревото во форма на L, вртење на цревото и повторно стегнување на додатокот на цревото во форма на L, кој е поврзан со машината.

6.Отворете го доводот на вода и проверете дали истекува вода од приклучок за довод на вода, славината за вода или адаптерот. Доколку истекува вода,

повторете ги претходните чекори.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да ја користите машината за перење доколку истекува вода. Ова може да предизвика електричен удар или повреда.

Ако славината има приклучок со навртување, поврзете го цревото за довод на вода со славината како што е прикажано.

D

E

F

E

Употребувајте вообичаен тип на славина за довод на вода. Ако славината е четириаголна или премногу голема, отстранете го прстенот за прилагодување пред да ја вметнете славината во адаптерот.

Македонски - 16

Untitled-17 16

 

 

2014-03-19 �� 2:28:12