Перење алишта

Перење алишта со користење на избирачот на циклус

Перењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на системот за автоматска контрола на Samsung “Fuzzy Control”. Кога ќе изберете циклус за перење, машината ќе ја постави соодветната температура, времето и брзината на перењето.

1.Отворете го доводот на вода во машината за перење.

2.Отворете ја вратата.

3.Внимателно ставете ја облеката во барабанот без да го преполнувате.

4.Затворете ја вратата.

5.Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите напојувањето.

6.Додадете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради во фиоката за детергент.

Функцијата Prewash (предперење) е достапна само при избирање на циклусите Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Baby Care (грижа за бебиња), Daily Wash (вообичаено перење), Stain Away (отстранување на дамки) и Super Eco Wash (супер еколошко перење). Потребна е единствено доколку ткаенините се многу валкани.

7.Користете го Cycle Selector (избирач на циклус) за избор на соодветниот циклус во зависност од типот на материјалот: Cotton (памук), Synthetics (синтетика), 15’ Quick Wash (брзо перење 15’), Baby Care (грижа за бебиња), Daily Wash (вообичаено перење), Stain Away (отстранување на дамки), Super Eco Wash (супер еколошко перење), Outdoor Care (грижа за облека за надвор од домот), Wool (волна) и Hand Wash (рачно перење). На контролната плоча ќе засветат соодветните индикатори.

8.Во овој момент, со притиснување на соодветните копчиња, ќе може да ги контролирате температурата на перењето,

бројот на циклусите за плакнење, брзината на центрифугата и времето на одложено завршување.

9.Притиснете го копчето Активирање/Пауза за да започне перењето. Индикаторот за напредок ќе засвети и на екранот ќе се прикаже преостанатото време на циклусот.

Вкупното време на циклусот и бројот на циклуси за плакнење во циклусот Cotton (памук) може да бидат различни во зависност од количината на алишта.

10.Кога целиот циклус ќе заврши, машината автоматски ќе се исклучи. Отворете ја вратата и извадете ги алиштата.

Паузирање на перењето

Пред истекување на 5 минути по започнувањето на перењето, можно е да додадете/извадите облека.

1.Притиснете го копчето Активирање/Пауза за отклучување на вратата.

Ако нивото на водата или температурата на водата во барабанот е премногу висока, вратата нема да може да се отвори додека трепка индикаторот “Вратата е заклучена “. Во тој случај, почекајте индикаторот да престане да трепка. (Потребни се приближно 1 или 2 минути за индикаторот да престане да трепка.)

2.Отворете ја вратата и додадете/извадете ги алиштата.

3.По затворањето на вратата, притиснете го копчето Активирање/Пауза за повторно започнување на перењето.

Македонски - 27

КОРИСТЕЊЕ 03

Untitled-17 27

 

 

2014-03-19 �� 2:28:16