5.Копче за опции

Притиснувајте го ова копче секвенцијално за избор помеѓу опциите:

Накиснување > Интензивно > Предперење > Плакнење+ > Накиснување + Плакнење+ > Интензивно + Плакнење+ >

Предперење + Плакнење+ > исклучено

Накиснување: Користете ја оваа функција за ефективно отстранување на дамките со накиснување на вашите алишта.

Функцијата Накиснување се извршува по 13 минути од почетокот на циклусот на перење.

Функцијата Накиснување трае 30 минути и содржи шест циклуси, при што еден циклус се состои од центрифугирање од 1 минута и мирување од 4 минути.

Функцијата Soak (накиснување) е достапна само со: Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Stain Away (отстранување на дамки), Daily Wash (вообичаено перење), Super Eco Wash (супер еколошко перење) и Baby Care (грижа за бебиња) циклус.

Интензивно: Користете ја оваа функција кога алиштата се многу валкани и потребно е интензивно перење. Времето на циклусот е продолжено при секој циклус.

Предперење: Користете ја оваа функција за предперење на вашите алишта пред главниот циклус за перење. Функцијата Prewash (предперење) е достапна само за циклусите Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Stain Away (отстранување на дамки), Daily Wash (вообичаено перење), Super Eco Wash (супер еколошко перење) и Baby Care (грижа за бебиња).

Плакнење+: Притиснете го ова копче за да додадете дополнителни циклуси на плакнење.

6.Копче за одложено завршување

Притиснувајте го ова копче секвенцијално за избор помеѓу достапните опции за Delay End (одложено завршување) (од 3 часа до 19 часа, со чекор од еден час).

Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.

7.Копче за активирање/пауза

Притиснете го ова копче за пауза и рестартирање на циклус.

8.Копче за напојување

Притиснете го ова копче еднаш за да ја вклучите машината за перење. Потоа притиснете го ова копче уште еднаш за да ја исклучите.

Ако машината се остави вклучена подолго од 10 минути без да се притисне ниту едно копче, таа автоматски ќе се исклучи.

КОРИСТЕЊЕ 03

Македонски - 23

Untitled-17 23

 

 

2014-03-19 �� 2:28:15