мерки за безбедност
Во рамките на ова упатство ќе видите забелешки за предупредување и внимание.
Овие забелешки за предупредување, внимание и важните мерки за безбедност не ги опфаќаат сите околности и ситуации кои може да настанат.
Ваша одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при инсталирањето, одржувањето и употребата на машината за перење. Samsung не признава никаква одговорност за оштетувањата кои ќе настанат заради неправилна употреба.
ВАЖНИ СИМБОЛИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Што означуваат малите слики и симболите во ова упатство за користење:
| Ризично или опасно ракување кое може да предизвика |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | сериозни повреди или смрт. |
| |
|
|
| Ризично или опасно ракување кое може да предизвика помали |
ВНИМАНИЕ | повреди или оштетување на околината . |
| |
|
|
| За да го намалите ризикот од пожар, експлозија, електричен |
| удар и други повреди при употребата на машината, придржувајте |
ВНИМАНИЕ | се кон следните мерки напретпазливост: |
|
|
ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ АПАРАТОТ
Амбалажата може да биде опасна за деца; чувајте ја амбалажата (пластични кеси, ВНИМАНИЕ стиропор и сл.) подалеку од дофат на децата.
Апаратот е наменет само за домашна употреба.
Проверете дали приклучоците за вода и струја се поставени од страна на квалификувано лице, во согласност со инструкциите на производителот (погледнете “Инсталирање на машината за перење”) и локалните безбедносни прописи.
Целата амбалажа и завртките за заштита при транспорт мора да се отстранат пред употребата на машината. Доколку тие не бидат отстранети може да настанат сериозни оштетувања. Погледнете “Отстранување на завртките за заштита при транспорт”.
Пред првото перење на алишта, мора да го поминете целиот процес на перење без алишта. Погледнете “При првото перење”.
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ При чистење и одржување, исклучете го апаратот од електричниот приклучок или поставете го копчето (вклучување/исклучување) на исклучено.
Проверете дали џебовите од алиштата за перење се празни.
Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може сериозно да го оштетат уредот.