КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ПЕРЕЊЕ
Сортирање на облеката: Сортирајте ја облеката според следните карактеристики:
•Тип според ознаката на етикетата на облеката: Сортирајте памук, мешана ткаенина,
синтетика, свила, волна и вештачка свила.
•Боја: Одделете го белото од обоеното. Новите, обоени алишта перете ги одделно.
•Големина:Перење на облека со различна големина ќе го подобри квалитетот на перењето.
•Чувствителност: Деликатните работи како чиста волна, завеси и свила перете ги одделно, со употреба на програмот за волна. Проверете ги ознаките на етикетите на алиштата или раководете се според табелата во додатокот.
Испразнете ги џебовите:Метални парички, игли и слични предмети можат да ја оштетат облеката, барабанот и резервоарот за вода.
Осигурајте ги патентите: Затворете ги патентите и нитните или другите видови на закопчувања; ремените и лентите треба да се врзат.
Одредување на капацитетот на полнење:Не преполнувајте ја машината бидејќи вашите алишта можеби нема да се исперат добро. Користете ја оваа табела за да ја одредите количината на облеката за перење во зависност од нејзиниот вид.
|
| Капацитет |
| |
|
|
|
| |
Вид на ткаенина | WF7704SA | WF7604SA | WF7522SA | |
WF7702SA | WF7602SA | |||
WF7520SA | ||||
| WF7700SA | WF7600SA | ||
| WF7528SA | |||
| WF7708SA | WF7608SA | ||
|
| |||
|
|
|
| |
Памук | 7.0 kg | 6.0 kg | 5.2 kg | |
|
|
|
| |
Фин памук | 7.0 kg | 6.0 kg | 5.2 kg | |
|
|
|
| |
Синтетика | 3.0 kg | 3.0 kg | 2.5 kg | |
|
|
|
| |
Волна | 2.0 kg | 2.0 kg | 1.5 kg | |
|
|
|
|
Совети за детергентите: Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, фин памук, синтетика, волна), бојата, температурата на перење, степенот и видот на валканоста. Секогаш употребувајте сапун кој “не пени” премногу и кој е наменет за автоматските машини за перење.
При одредување на количината на детергентот следете ги упатствата од производителот во врска со тежината и видот на облеката, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашиот регион.
Чувајте ги детергентите и адитивите на сигурно, суво место подалеку од дофат на деца.
02 Перење на алишта