ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Вашата микробранова печка има вграден часовник. Кога напојувањето

евклучено, на екранот автоматски ќе се прикаже “:0”, “88:88” или “12:00”.

Ве молиме поставете го моменталното време. Времето може да биде прикажано во 12-часовен или 24-часовен формат. Часовникот мора да го поставите:

Кога првпат ја инсталирате вашата микробранова печка

По прекин на напојувањето

Не заборавајте да го наместите часовникот при премин од летно во зимско пресметување на времето и обратно.

Функција за автоматско заштедување на енергија Ако не изберете ниту една функција додека уредот ја поставува или се наоѓа во состојбата на привремено прекинување, функцијата ќе биде откажана и по 25 минути ќе се прикаже часовникот.

Лампата на печката ќе се исклучи по 5 минути доколку вратата е отворена.

1.За да се прикаже времето во...

24-часовен формат

12-часовен формат

Притиснете го копчето за Часовник () еднаш или двапати.

2.Поставете ги часовите со помош на копчето h и

минутите со помош на копчето min.

3.Кога ќе се прикаже точното време, повторно

притиснете го копчето за Часовник () за да го активирате часовникот.

Резултат : Времето се прикажува секогаш кога не ја користите микробрановата печка.

ГОТВЕЊЕ/ПОДГРЕВАЊЕ

Следната процедура објаснува како да готвите или подгревате храна. Секогаш проверете ги поставените параметри пред да ја оставите печката без надзор.

Прво, поставете ја храната на средина од плочата и затворете ја вратата.

1.Притиснете го копчето за Ниво на јачина ().

Резултат : На екранот се прикажува 800 W (максимална јачина на готвење): Изберете го соодветното ниво на јачина со притиснување на копчето за Ниво на јачина

() сè додека не се прикаже саканото ниво. Користете ја табелата за ниво на јачина на наредната страница.

2.Поставете го времето на готвење со

притиснување на копчињата 10 min, 1 min и 10 s.

3.Притиснете го копчето за Активирање ().

Резултат : Светлото се вклучува и плочата почнува да се врти.

Готвењето започнува и кога ќе

заврши се слуша звучен сигнал "бип" четирипати. Никогаш не вклучувајте ја печката кога е празна.

13

МАКЕДОНСКИ

ME73A_BOL_DE68-03794D-03_MK.indd 13

 

 

2013-09-11 �� 2:18:50