МАКЕДОНСКИ
Немојте да ги ставате вашите прсти или надворешни супстанци, доколку во уредот навлезат надворешни супстанци како вода, извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
Немојте да вршите прекумерно притискање или удирање на уредот.
Немојте да ја поставувате печката врз кршливи елементи како лавабоа или стаклени елементи. (само модел за на работна маса)
При чистење на уредот не користете бензен, разредувач, алкохол, чистач на пареа или чистач со висок притисок.
Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да бидат исти како оние од спецификациите на производот.
Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер. Не употребувајте адаптер со повеќе приклучни места, продолжителен кабел или електричен трансформатор.
Не го закачувајте кабелот за напојување на метални предмети, вметнете го кабелот за напојување помеѓу предметите или зад печката.
Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер со раширени отвори. Кога приклучокот или кабелот за напојување ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен центар.
Уредите не се предвидени да бидат контролирани од надворешни тајмери или одделни системи за далечинска контрола.
Не сипувајте или прскајте вода директно на печката.
Не ставајте предмети на печката, во нејзината внатрешност или на нејзината врата.
Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од печката.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот
Овој уред не е наменет за инсталирање во возила од типот на комби, каравани и слично.
Не ставајте запаливи материјали во печката. Обрнете посебно внимание при загревање на храна или пијалоци кои содржат алкохол бидејќи алкохолната пареа може да дојде во контакт со некој жежок дел од печката.
Микробрановата печка е наменета за користење единствено на работна маса во кујна и таа не смее да се поставува во витрина.
(само модел за на работна маса)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови може да се загреат за време на употребата. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови. Децата на возраст помала од
8 години не треба да бидат во близина, освен под постојан надзор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дозволена е употреба од страна на деца без надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за детето да може да ја користи печката на безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна употреба.
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца без соодветен надзор.
6