Прикачување на телевизорот со држачот

Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги понудените инструкции за составување.

Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за ѕид за да спречите паѓање на телевизорот

Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до

сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место. Телевизорот може да падне и да предизвика сериозни повреди или смрт. Многу повреди, особено кај децата, можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример

•• Користење ормани или масички кои ги препорачува производителот на телевизорот.

•• Користење само мебел што може безбедно да го држи телевизорот.

•• Проверување дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен.

•• Да не го поставувате телевизорот на висок мебел (на пример, ормани или полици) без да го прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога.

•• Да не го поставувате телевизорот на ткаенини или други материјали што можат да се стават помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен.

•• Да ги поучите децата за опасностите од качување врз мебелот за да го достигнат телевизорот или неговите копчиња.

Ако го задржите и преместите телевизорот што го заменувате со овој нов телевизор, тогаш треба да ги применувате истите мерки на претпазливост за стариот телевизор.

•• Ако треба да го преместите или да го подигнете телевизорот за да го замените или за да го чистите, внимавајте да не го извлечете држачот.

Македонски

Македонски - 9

Page 229
Image 229
Samsung QE55Q6FAMTXXH, QE55Q6FAMTXZG manual Прикачување на телевизорот со држачот