Предупредување! Важни безбедносни инструкции

(Ве молиме прочитајте го соодветниот дел кој одговара на ознаките на вашиот

производ од Samsung пред да започнете да го поставувате производот.)

ВНИМАНИЕ

РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТВОРАЈТЕ

ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.

Овој симбол посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасно е да доаѓате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ.

Овој симбол посочува дека со производот е испорачана важна литература во врска со неговото функционирање и одржување.

Приклучните места и отворите на ормарот и на задната или на долната страна се наменети за вентилација. За да се обезбеди сигурно функционирање на овој уред, но и да се заштити од прегревање, овие приклучни места и отвори никогаш не треба да бидат блокирани или покриени.

-- Не го сместувајте овој уред во затворен простор, како што се полици за книги или вградени ормари, освен ако не овозможите соодветна вентилација.

-- Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина.

-- Не ставајте садови кои содржат вода (вазни итн.) врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика ризик од пожар или електричен удар. Не го изложувајте овој уред на дожд и не го поставувајте во близина на вода (вазни итн.) врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика ризик од пожар или електричен удар. Доколку овој уред случајно се навлажни, исклучете го кабелот и веднаш обратете се кај овластениот дилер.

Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја пред чистењето.

Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат правила според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии, земајќи ја предвид животната средина. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање.

Не ги оптоварувајте ѕидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар.

Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ќе се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив, особено внимавајќи на приклучоците на краевите од кабелот, адаптерите и местата на кои излегуваат од уредот.

За да го заштитите овој уред од удар од гром или да го заштитите кога долг временски период не се користи или надгледува, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем. На тој начин ќе спречите оштетувања на уредот предизвикани од удар од гром и промени во напонските водови.

Пред да го поврзете кабелот за AC напојување со приклучокот на DC адаптерот, проверете дали ознаката за напон на DC адаптерот одговара со локалното електрично напојување.

Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Тоа може да доведе до опасност од електричен удар.

За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.

Не заборавајте да проверите дали кабелот за напојување е целосно приклучен. При исклучување на кабелот за напојување, не заборавајте да го држите приклучокот за напојување додека го влечете од приклучокот за струја. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.

Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот дилер или сервисен центар.

Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја ако уредот нема да се користи или ако излезете од домот на подолг временски период (особено кога деца, постари луѓе или луѓе со посебни потреби ќе останат сами во домот).

-- Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, така што поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или, пак, изолацијата може да ги изгуби своите својства.

При инсталирање на вашиот уред на локации со многу прав, високи и ниски температури, висока влажност, хемиски супстанци или кога се бара користење во период од 24 часа како на аеродроми, железнички станици и сл., обратете се до авторизиран сервисен центар. Во спротивно може да настанат сериозни оштетувања на вашиот уред.

Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.

-- Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа l.)

За да го исклучите уредот од напојување, мора да го извлечете приклучокот од штекерот, па поради тоа кабелот за напојување треба да биде лесно достапен.

Не дозволувајте им на децата да се потпираат на уредот.

Галантеријата (батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на децата.

Не поставувајте го производот на нестабилно место како што е полица која мрда, закосен под или место кое е изложено на вибрации.

Заштитете го уредот од паѓање и не го изложувајте на удари. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар.

Исклучете го кабелот за напојување од штекерот и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубрикант или детергент. Тие можат да го оштетат изгледот или да ги избришат испечатените ознаки на телевизорот.

Уредот не треба да се изложува на капки или прскање. Не фрлајте ги батериите во оган.

Не ги расклопувајте, прегревајте или правете краток спој на батериите.

Постои опасност од експлозија доколку батериите неправилно се заменат. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.

*Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување. Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој производ, бидејќи тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ.

Македонски - 2

Page 200
Image 200
Samsung UE32H4500AWXXH, UE32H4510AWXXH, UE32H4500AWXZF manual Предупредување! Важни безбедносни инструкции, Македонски

UE32H4500AWXXC, UE32H4510AWXXH, UE32H4500AWXXH, UE32H4510AWXXC, UE32H4510AWXXN specifications

The Samsung UE32H4500AWXXN and its closely related models, including the UE32H4515AKXXE, UE32H4500AWXZF, UE32H4510AWXZF, and UE32H4510AWXXN, represent an appealing selection of compact, high-performance LED televisions tailored for a variety of viewing environments. With screen sizes of 32 inches, these models are particularly suited for bedrooms, smaller living spaces, or even for incorporation into home offices.

At the core of their appeal is Samsung's commitment to high-definition viewing. These television sets feature a Full HD resolution of 1920 x 1080 pixels, providing viewers with a crisp and clear picture quality that enhances the enjoyment of movies, shows, and gaming. The high pixel density ensures that images appear sharper, while vibrant colors are rendered effectively due to Samsung’s advanced color enhancement technologies.

Further enriching the viewing experience, these models are equipped with Samsung’s Wide Color Enhancer Plus technology, which significantly broadens the color spectrum displayed on screen. This feature results in more vivid and true-to-life imagery, making it easier for viewers to lose themselves in their favorite content.

In terms of sound, the UE32H series incorporates Dolby Digital Plus technology, which optimizes the audio experience by delivering clear and powerful sound. Coupled with a total audio output of 20 watts, these televisions ensure that dialogues are crisp and effects resonate well, creating a well-rounded acoustic experience.

Smart features are another highlight of these models. With integrated Samsung Smart Hub functionality, users can easily access a variety of streaming services, apps, and internet browsing capabilities. This allows users to enjoy popular content directly without needing external devices, enhancing convenience.

The design of the UE32H series is sleek and modern, characterized by slim bezels that maximize the screen real estate while maintaining a stylish aesthetic. Additionally, these televisions come with multiple connectivity options, including HDMI and USB ports, facilitating easy connections to other devices such as gaming consoles, Blu-ray players, or external storage.

In summary, the Samsung UE32H4500AWXXN and its variants provide a robust package of features that blend visual and audio excellence with user-friendly smart capabilities. These televisions are perfect for anyone looking to enhance their entertainment experience in a compact form factor without compromising on quality.