Поврзување уреди на вашиот телевизор

Користејќи ги приклучоците кои се наоѓаат на задната страна на производот, можете да поврзувате разни надворешни уреди. Разгледајте ги приклучоците, а потоа погледнете ги испорачаните инструкции за составување за да дознаете повеќе информации за уредите кои се поддржани.

Поврзување со отворот COMMON INTERFACE (отвор за картичка за гледање кај вашиот телевизор)

-- Исклучете го телевизорот за да поврзете или отстраните CI картичка или адаптер за CI картичка.

Приклучување на адаптерот за CI картички

Прикачете го адаптерот како што е прикажано.

-- За да го инсталирате адаптерот за CI картички, ве молиме отстранете ја налепницата залепена на телевизорот.

За поврзување на адаптерот за CI картички, следете ги овие чекори.

-- Ви препорачуваме да го приклучите адаптерот пред поставувањето на ѕидниот носач или пред да вметнете “CI или CI+ картичка”.

1.Вметнете го адаптерот за CI картички во двата отвора на производот 1.

-- Пронајдете ги двата отвори на задната страна на телевизорот, позиционирани до приклучокот COMMON INTERFACE.

2.Приклучете го адаптерот за CI картички во приклучокот COMMON INTERFACE на производот 2.

3.Вметнете “CI или CI+ картичка”.

Ви препорачуваме да го прикачите адаптерот за CI картички и да ја вметнете CI картичката (картичка за гледање телевизија) пред да го монтирате телевизорот на ѕид, бидејќи може да ви биде тешко и опасно да го сторите тоа кога телевизорот е на ѕид.

Македонски

Македонски - 7