Решавање на проблеми и одржување

Решавање на проблеми

Ако имате проблем со телевизорот, најпрво погледнете ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Или, пак, разгледајте го делот за решавање проблеми во e-Manual. Ако не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www.samsung.com” и кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за поддршка кој е наведен на задната корица од овој прирачник.

-- Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. На екранот, сепак, може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на перформансите на уредот.

-- За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер. Искористете ја функцијата Ажурирај сега или Автоматско ажурирање во менито на телевизорот ( > Поставув. > Поддршка > Ажурирање на софтверот > Ажурирај сега или > Поставув. > Поддршка > Ажурирање на софтверот > Автоматско ажурирање).

Телевизорот не може да се вклучи.

Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во телевизорот и ѕидниот приклучок.

Проверете дали ѕидниот приклучок за напојување функционира и дали индикаторот за напојување на телевизорот е вклучен и свети непрекинато во црвена боја.

Обидете се да го притиснете копчето за напојување на телевизорот за да проверите дали има проблем со далечинскиот управувач. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот “Далечинскиот управувач не функционира” подолу.

Нема слика/видео/звук или се репродуцира изобличена слика/видео/звук од надворешниот уред или, пак, на телевизорот се прикажува “Weak or No Signal” (Слаб или никаков сигн.) или не може да се пронајдат канали.

Проверете дали уредот е правилно поврзан и дали сите кабли се целосно вметнати.

Исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани во телевизорот и надворешните уреди. Ставете нови кабли, доколку е можно.

Потврдете дека е избран соодветниот влезен извор ( > Извор).

Извршете тест за самодијагноза за да утврдите дали телевизорот или уредот го предизвикува проблемот. ( >

Поставув. > Поддршка > Самодијагноза > Започнете со тест на сликата или Започнете со тест на звукот).

Ако резултатите се нормални, рестартирајте ги поврзаните уреди со тоа што ќе ги исклучите и повторно ќе ги вклучите каблите за напојување на секој уред. Ако проблемот не се отстрани, погледнете го водичот за поврзување во прирачникот за користење на поврзаниот уред.

Ако телевизорот не е поврзан со кабелски или set-top box приемник, активирајте ја функцијата Авто. преб.

канали за да пребарувате канали ( > Поставув. > Емитување > Авто. преб. канали).

Далечинскиот управувач не функционира.

Проверете дали индикаторот за напојување на телевизорот трепка кога ќе го притиснете копчето за вклучување на далечинскиот управувач. Ако не трепка, заменете ги батериите на далечинскиот управувач.

Проверете дали поларитетот (+/–) на батеријата е поставен во точната насока.

Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од 5 ft. до 6 ft.

(1,5-1,8 m).

Ако вашиот телевизор ви бил испорачан со далечински управувач (далечински управувач со Bluetooth), прво треба да го впарите далечинскиот управувач со телевизорот. (Ве молиме погледнете во e-Manual.)

Далечинскиот управувач од кабелскиот или set-top box приемник не го вклучува и исклучува телевизорот и не ја прилагодува јачината на звукот.

Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот или set top box приемник да функционира со телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот или set-top box приемник и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.

Македонски - 7

Македонски

Page 161
Image 161
Samsung UE55KS9002TXXH, UE49KS9002TXXH manual Решавање на проблеми и одржување, Телевизорот не може да се вклучи, 1,8 m