Безбедносни мерки
Важни БЕЗБЕДНОСНИ мерки
Ви благодариме за купувањето на правосмукалка Samsung . Кога употребувате електричен апарат, секогаш треба да почиувате основни мерки на претпазливост, вклучувајќи го и следното:
ВЕ МОЛИМЕ, ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И ИНСТРУКЦИИ ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ ОВАА ПРАВОСМУКАЛКА.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар или повреда.
• Не оставајте ја правосмукалката без надзор кога е приклучена.
• Исклучете ја од штекерот кога не се користи или пред сервисирање.
• Не користете ја надвор или на влажни површини.
• Не дозволувајте деца да ракуваат со правосмукалката или да ја користат како играчка.
• Особено внимание е потребно кога се користи од страна на или близу деца.
• Користете ја само како што е опишано во ова упатство за употреба. Користете ги само препорачаните додатоци од производителот.
• Не користете ја доколку има оштетен кабел или приклучок.
• Доколку правосмукалката не работи како што треба, Ви паднала, оштетена е, оставена надвор или паднала во вода, вратете ја во сервисен центар.
• Не влечете ја и не носете ја за кабелот. Не користете го кабелот како рачка. Не притискајте го кабелот со врата. Не влечете го кабелот околу остри рабови или агли. Чувајте го кабелот понастрана од загреани површини.
• Не исклучувајте ја од штекерот со влечење на кабелот. За да ја исклучите од штекер, зграпчете го приклучникот, а не кабелот.
• Не употребувајте ја правосмукалката или приклучникот со влажни раце.
• Не ставајте предмети во отворите. Не користете ја доколку отворите се блокирани; одржувајте ги отворите чисти од прашина, волна, влакна или нешто што може да го намали протокот на воздух.
• Чувајте ја косата, слободната облека, прстите и сите делови од телото понастрана од отворите и подвижните делови.
• Не собирајте ништо што гори или чади, како цигари, кибрити или жешка пепел.
• Не употребувајте ја правосмукалката доколку чашата за нечистотија или филтрите не се на место. Често чистете ги чашата за нечистотија и филтерот доколку собирате фини материјали како прашок.
• Исклучете ги сите контроли пред да ја исклучите правосмукалката од штекер.
• Бидете многу внимателни кога чистите стоејќи на скали.
• Не собирајте запаливи материи како бензин или лесно дрво, струганици од дрво. Не користете ја правосмукалката во простори каде што може да се најдат набројаните материи.
• Правосмукалката чувајте ја во студен, сув и затворен простор.
2_ Безбедносни мерки