карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

Вашата нова машина за перење ќе го промени начинот на кој што размислувате за перењето. Почнувајќи од специјализираната функција Eco Bubble (еколошки меурчиња) па сè до енергетската ефикасност, вашата нова Samsung машина за перење располага со сите придобивки кои ќе го направат перењето облека колку е можно полесно и попријатно.

• Перење со Eco Bubble (еколошки меурчиња)

Ефикасниот програм Eco Bubble (еколошки меурчиња) на Samsung овозможува зголемување на чистотата и напредна грижа за текстилот. Eco Bubble (еколошки меурчиња) овозможува подеднакво распоредување на детергентот, како и побрзо и подлабоко навлегување во текстилот.

• Перење и сушење со притиснување на едно копче

Уживајте во практично и постојано управување на перењето и сушењето. Можете да изберете 4 различни специјални програми за сушење за да извршите целосен циклус на перење, вклучувајќи и циклус на сушење со притиснување на едно копче.

Режим на орман(стандарден програм), Сушење на ниска температура, Пеглање, Време на сушење (30мин. - 270мин.). Овие програми за сушење може да се употребуваат и независно од програмите за перење.

Воздушно перење

Системот за воздушно перење ги дезинфицира алиштата и ги отстранува непријатните миризби кои не можат да се отстранат преку конвенционалниот систем за перење, придобивка од уникатниот механизам за воздушно перење.

Може воздушно да се пере: Волнени капути, памучна облека, џемпери, костуми, перници, перничиња, плетени кукли

Не може да се користи за: кожа, свила, кадифе, електрични ќебиња, алишта со дамки

Quick Wash (брзо перење)

Нема време за чекање! Програмот Quick Wash (брзо перење) ќе ви го олесни напорниот живот - сега може да ги исперете вашите омилени алишта (до 2 Kg) за 15 минути!

• Мотор со тивок погон

Уникатниот мотор со тивок погон од Samsung работи без ремени или запчаници, намалувајќи ги вибрациите и правејќи ја машината за перење потивка и поиздржлива.

• Еколошко чистење на барабанот

Користењето на Eco Drum Clean (еколошко чистење на барабанот) ви овозможува да ја чистите машината за перење без да употребувате хемиски детергент или белило. Одржувајте го барабанот чист и без миризби со специјализираниот програм за чистење.

• Грижа за бебиња

Вашата Samsung машина за перење ви нуди програми за перење со дополнителна заштита на облеката за деца со чувствителна кожа. Со овие програми се намалува воспалувањето на кожата на децата преку минимизирање на остатоците од детергент. Освен тоа, овие програми овозможуваат класифицирање на облеката во различни типови и перењето се врши според нејзините карактеристики, така што детската облека ќе биде свежа и чиста при секое облекување.

2_ карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

WD0804W8E-03264A-01_MK.indd Sec1:2

2013-02-20 ￿￿ 7:13:44