Samsung WD0804W8E/YLE manual Предупредување Сериозни Предупредувања ВО Однос НА Чистењето

Models: WD0804W8E/YLE

1 121
Download 121 pages 18.49 Kb
Page 81
Image 81

Не користете природен сапун за миење раце во машината за перење.

-Доколку се стврдне и акумулира во самата машина за перење, може да предизвика проблеми на производот, избледување, 'рѓа или лош мирис.

Не перете голем тип на алишта како постелнина во мрежата за перење.

-Ставете ги чорапите и градниците во мрежата за перење и исперете ги заедно со останатите алишта.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреда поради абнормални вибрации.

Не користете стврднат детергент.

-Доколку се акумулира во самата машина за перење, може да предизвика истекување на вода.

Кај машините со отвори за вентилација на долниот дел, проверете отворите да не бидат блокирани со килим или други предмети.

Проверете дали џебовите од алиштата за перење се празни.

-Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може сериозно да го оштетат уредот.

Немојте да перете облека со големи точки, копчиња или други тврди метални предмети.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СЕРИОЗНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ОДНОС НА ЧИСТЕЊЕТО

Немојте да го чистите уредот со директно прскање на вода. Немојте да користите јако средство за чистење со киселини.

За чистење на уредот немојте да користите бензол, разредувач или алкохол.

-Ова може да предизвика избледување, деформирање, оштетување, електричен удар или пожар.

Пред чистење и одржување, извадете го приклучокот на уредот од ѕидниот штекер. - Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

ИНСТРУКЦИИ ОКОЛУ WEEE ОЗНАКАТА

Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема)

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

безбедносни информации _11

WD0804W8E-03264A-01_MK.indd Sec2:11

2013-02-20 ￿￿ 7:13:46

Page 81
Image 81
Samsung WD0804W8E/YLE manual Предупредување Сериозни Предупредувања ВО Однос НА Чистењето, Инструкции Околу Weee Ознаката