Монтирање

ЧЕКОР 5 - Поставување на цревото за одвод

Монтирање

Цревото за одвод може да се постави на три начини:

A

Преку работ на лавабото

Цревото за одвод мора да се постави на висина помеѓу 60 cm и 90 cm (*) од подот. За да го свиткате цревото за одвод, употребете го испорачаниот пластичен држач за црево (A). Прицврстете го држачот до ѕидот користејќи кука за да обезбедите стабилна дренажа.

Во одводна цевка од лавабото

Одводната цевка мора да биде над сифонот на лавабото, така што крајот на цревото да биде најмалку 60 cm над подот.

Во одводна цевка

Висината на одводната цевка треба да биде помеѓу 60 cm и 90 cm (*). Се препорачува да се користи вертикална цевка со висина од 65 cm. Погрижете се цревото за одвод да биде поврзано со внатрешната хидрантска мрежа во искосена положба.

Услови што треба да ги исполнува одводната внатрешна хидрантска мрежа:

Минимален дијаметар од 5 cm

Минимален капацитет за исфрлање од 60 литри во минута

ЧЕКОР 6 - Вклучете ја машината за перење

Приклучете го кабелот за напојување во ѕидниот штекер за AC 220-240 V / 50 Hz, кој е заштитен со осигурувач или прекинувач на коло. Потоа, притиснете го копчето за Напојување за да ја вклучите машината за перење.

24  Македонски

WD80J6A10AW_DC68-03628L_MK.indd 24

 

 

2017/12/5 11:04:42