Одржување
Одржувајте ја машината за перење чиста за да спречите намалена ефикасност и да го зачува работниот век на машината.
Eco Drum Clean (Еколошко чистење на барабанот)
Извршувајте го овој циклус редовно за чистење на барабанот, а потоа отстранете ги бактериите од него.
1.Притиснете го копчето Напојување за да ја вклучите машината за перење.
2.Завртете го Избирачот на циклуси за да изберете ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ).
3.Притиснете на Активирање/Пауза .
ЗАБЕЛЕШКА
Температурата на водата за ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ) е поставена на 70°C и не може да се промени.
ВНИМАНИЕ
Немојте да користите какви било средства за чистење при чистењето на барабанот. Остатоците од хемикалии во барабанот штетно влијаат врз ефикасноста на перењето.
Потсетник за ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ)
•Потсетникот за ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ) се појавува на главниот екран еднаш на секои 40 перења. Се препорачува редовно да извршувате ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ).
•Штом ќе го видите овој потсетник, може да го игнорирате потсетникот 6 пати по ред. Од седмото перење, потсетникот нема да се појавува. Меѓутоа, ќе се појави повторно при второто четириесетто перење.
Одржување
Македонски 39
|
| 2017/12/5 11:04:45 | |
|
| ||
|
|
|
|